Во Русија денеска почнаа тридневните парламентарни избори, на кои се очекува да доминира владејачката Единствена Русија, поддржана од претседателот Владимир Путин, по ударот зададен врз критичарите на Кремљ. Русите на Далечниот Исток го започнаа гласањето изутринава во огромната земја која опфаќа 11 временски зони, додека московјаните се уште спиеја. На изборите што ќе траат до недела, ќе бидат избрани пратеници за 450 места во долниот дом на парламентот, односно Државната дума. Покрај гласањето за Думата... Читать дальше...
Кинеските здравствени власти соопштија дека повеќе од милијарда жители на оваа земја се целосно вакцинирани против Ковид-19, што претставува околу 72 насто од вкупно 1,4 милијарди луѓе. Во меѓувреме, Кина се бори со избивањето на инфекцијата во југоисточната провинција Фуџијан, каде што во последните 6 дена се потврдени 200 случаи на позитивни на коронавирусот. Кина е шокирана од планот на СЗО за втора студија за потеклото на ковид-19 Властите ги затворија погодените населби, училишта и места... Читать дальше...
Францускиот претседател Емануел Макрон ја прими вчера во проштална посета германската канцеларка Ангела Меркел, со која разговараше за европските прашања и за кризата во Авганистан. Макрон изјави дека ќе продолжи да работи заедно со Меркел се додека не се формира нова германска влада, по изборите закажани за 26 септември. Тој истакна дека за некои прашања ќе понудат заедничко француско- германско решение, на пример за кризата во Авганистан и за борбата против тероризмот. Макрон во Берлин на... Читать дальше...
На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска и утре од 18:30 до 21.30 часот ќе се одржува петтиот уличен уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест – Скопје на улица“, во организација на Зружението на граѓани ТимТеатросК, со поддршка од Театар за деца и младинци и под покровителство на Град Скопје. Организаторот најави дека годинава, како и минатата година, на фестивалот ќе настапуваат исклучиво домашни артисти, зашто основна цел на театарската компанија за улична уметност е да создаде... Читать дальше...
Околу 3 илјади француски здравствени работници се суспендирани затоа што не се вакцинирале против коронавирусот, изјави министерот за здравство Оливие Веран. Во средата стапи во сила задолжителното вакцинирање за 2, 7 милиони вработени во болниците, домовите за пензионери, итната помош, негувателите. Ковид-пропусница и за келнерите и други вработени во Франција Според министерот Веран, неколку десетици медицински работници дале отказ поради задолжителното вакцинирање. Повеќето од оние што... Читать дальше...
Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи, денеска организира завршна конференција насловена „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“. Завршната конференција е активност која се спроведува во рамки на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организираниот криминал и корупцијата“, финансиран од Делегацијата на Европска Унија, преку ИПА програмата. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина и над 70 км/час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален пороен дожд. Максималните температури ќе се движат од 26 степени во Маврово, до 37 во Гевгелија.