Кинеските здравствени власти соопштија дека повеќе од милијарда жители на оваа земја се целосно вакцинирани против Ковид-19, што претставува околу 72 насто од вкупно 1,4 милијарди луѓе.
Во меѓувреме, Кина се бори со избивањето на инфекцијата во југоисточната провинција Фуџијан, каде што во последните 6 дена се потврдени 200 случаи на позитивни на коронавирусот.
Кина е шокирана од планот на СЗО за втора студија за потеклото на ковид-19
Властите ги затворија погодените населби, училишта и места за забави и ги ограничија патувањата надвор од тие провинции.
Кина го запре ширењето на вирусот со воведување ограничувања и со масовно тестирање кога ќе се откријат нови случаи. Освен тоа, воведе ограничување за влез во земјата и задолжителен карантин од најмалку две недели.