Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена облачност.
Ќе дува умерен ветер од југозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина и над 70 км/час).
Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален пороен дожд.
Максималните температури ќе се движат од 26 степени во Маврово, до 37 во Гевгелија.