Првата дама на САД, Меланија Трамп, која утре ќе ја напушти Белата куќа заедно со сопругот Доналд Трамп, кога му истекува претседателскиот мандат, со порака ѝ се обрати на американската нација. Во видео пораката, што синоќа беше објавена на веб-страницата на Белата куќа, таа вели дека најголемата чест во нејзиниот живот е што била прва дама на САД. “Сега кога Доналд и јас го завршуваме времето во Белата куќа, мислам на сите луѓе што ги примив во моето срце и на нивните неверојатни приказни за љубов... Читать дальше...
Португалија, која е актуелен претседавач со Европската унија (ЕУ), се надева дека во првата половина од годинава ќе се деблокира спорот со Софија и оти ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ, Ана Паула Закариаш, изјави за МИА дека нејзината земја која претседава со ЕУ до први јули годинава се надева дека ќе се деблокира спорот со Софија и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.... Читать дальше...
Православните христијани денеска го празнуваат Богојавление (Водици), еден од најголемите христијански празници, кој денеска, поради пандемијата со ковид-19, ќе биде одбележан без традиционалните големи собири за вадење на светиот крст од осветени води. Како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, не се дозволени традиционалните собири, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера рече дека за денешниот ден имаат посебен план на дејствување, за што била информирана и Македонската православна црква. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево студено со мала локална облачност поизразена во северните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер, информираше Управата за хидромемеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движи од минус 14 до минус 4, а дневната ќе биде во интервалот од минус 4 до 8 Целзиусови степени. Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до минус 6... Читать дальше...