Поддржувачи на актуелниот претседател на САД Доналд Трамп насилно влегоа во зградата на американскиот Конгрес, каде беше започнат процесот за потврда на победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Во Вашингтон е прогласен полициски час
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп денеска се обрати пред илјадници собрани негови поддржувачи во близина на Белата куќа, пред самиот почеток на заседавањето во Конгресот, каде почнува процесот со кој ќе биде потврдена победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. „Никогаш нема да се предадеме. Никогаш нема да го признаеме поразот“, рече Трамп додека луѓето на собирот извикуваа „Го сакаме Трамп.“ „Не го признавајте поразот кога станува збор за кражба. Нашата земја претрпе премногу и нема да дозволиме повеќе“... Читать дальше...
Хрватска вечерва ја погоди нов силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтеровата скала, според Хрватсаката сеизмолошка служба, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ). Според информациите, епицентарот е околу 45 километри западно од Загреб, а засега нема податоци за жртви и материјални штети. Хрватсакта новинска агенција (ХИНА) јавува дека денеска 18:01 часот, сеизмографите од Сеизмолошката служба на Хрватска забележале силен потрес со магнитуда од 5.0 степени по Рихтеовата скала со епицентар кај Петриња. Читать дальше...
Кина денеска објави дека ќе го прекине увозот на француска живина поради причјиот грип во Франција. Во соопштението на Царината и на Министерството за земјоделство се вели дека мерката има за цел да ја одбрани бездедноста на земјоделците во земјата и да спречи ширење на епидемијата. Во соопштението се наведува дека се прекинува увозот на живина и производи од живина, како паштета од гуска. Со ваквата објава официјално се прекинува увозот во Кина од ноември, кога вирусот на птичји грип се појави на француско тло. Читать дальше...
Вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град Скопје и во болниците низ земјава, а во ковид центрите има околу 450 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. Од институцијата посочуваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот... Читать дальше...
Франција му додели највисоко признание на грузискиот милијардер и поранешен премиер Биџина Иванишвили. Во францускиот претседателски декрет објавен во Службен весник се вели дека Иванишвили е одликуван со Легија на честа во ранг на Витез. Посочено е дека тој е поранешен премиер и основач на Карту – добротворна фондација вклучена во различни области како образование, култура и спорт. Иванишвили, кој беше премиер на Грузија една година во 2012 и 2013, исто така е основач и лидер на владејачката партија „Грузијски сон.“ Легијата на честа... Читать дальше...
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска во Амстердам ја одобри вакцината против Ковид-19 на американскиот производител Модерна. Ова е втора одобрена вакцина за пазарот на Европската унија. ЕМА на крајот на 2020 година ја одобри вакцината на американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек. За разлика од вакцината на Фајзер и Бионтек, која е дозволено да ја примаат лица од 16-годишна возраст, ЕМА оцени дека вакцината на Модерна треба да ја примаат лица над 18 години. Според експерти на ЕМА... Читать дальше...
Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик. „Божик е празник кој традиционално го славиме со најблиските и кога нашите домови се исполнети со луѓе со добра мисла. Но, годинава Божик го празнуваме во поинаква атмосфера, предизвикана од пандемијата поради што треба доследно да ги почитуваме пропишаните мерки за заштита“, вели Пендаровски. Тој во честитката наведува дека само со јазикот на љубовта, простување и помагање... Читать дальше...
Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ денеска во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак во Белград, ја примија претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек. Дачиќ изјави дека тој и министерот Вулин биле вакцинирани за да им дадат пример на другите граѓани. „Против Ковид можеме да се бориме со вакцини ако тие се ефикасни и безбедни. Сметам дека би било сосема... Читать дальше...
Кампот „Липа“, кој се наоѓа на околу 30 километри од Бихаќ во северозападот на Босна и Херцеговина, денска беше доопремен со кревети и душеци за неколку стотици мигранти кои престојуваат во кампот. Безбедносните сили на БиХ пред неколку дена поставија 19 шатори во кои ќе бидат поставени кревети. Воените шатори треба да послужат како привремено сместување за мигрантите и бегалците до целосната изградба и опремување на кампот. Министерот за безбедност на БиХ Селмо Цикотиќ и претставници од Унско-санскиот кантон (УСК)... Читать дальше...
Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината против Ковид-19 и тоа е добар сигнал за сите граѓани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој во гостување на јавниот сервис МРТ, рече дека над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против Ковид-19 и дека оваа бројка е резултат на истражување спроведено од Министерството здравство со здравствените работници. „Вакцинирањето е сериозен и проверен процес. Вакцините се... Читать дальше...
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска се состана во Амстердам за да одлучи дали ќе ја одобри вакцината против Ковид-19 на американскиот производител Модерна, откако ваква одлука не беше донесена претходно оваа недела. ЕМА во понеделникот на 4 јануари свика вонреден состанок на кој се разговараше за вакцината на Модерна, но не беше донесена одлука. ЕМА тогаш не прецизираше зошто не може да ја одобри вакцината, но вчера нејзините експерти наведоа дека „се работи напорно на разрешување на... Читать дальше...
Првиот потпретседател на Авганистан Амрулах Салех ги објави плановите за инсталирање на безбедносни камери со „напредна“ технологија низ Кабул, за подобро справување со акциите на „терористите и крадците“ во главниот град. Проектот ќе чини повеќе од 100 милиони долари и ќе биде поддржан од Мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО, напиша денеска Салех на социјалната мрежа Фејсбук додавајќи дека технологијата е значително подобрена откако безбедносни камери биле инсталирани низ Кабул во 2008 година.... Читать дальше...
Денешната заедничка седница на двата дома на американскиот Конгрес за броење на изборните гласови доби дополнително значење оваа година, бидејќи дел од републиканците најавија дека ќе се обидат да ја поништат победата на демократот Џо Бајден.
Година на целосно економско заздравување очекуваат од владејачката СДСМ, додека од опозициксата ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека 2021 ќе биде година на економска пропаст. Двете најголеми партии днеска повторно преку нивните центри за комуникации изнесоа спротивставени ставови во однос на економијата во следната 2021 година. За СДСМ, 2021 година ќе биде година на економски раст и развој, во која како што наведуваат, ќе има искористување на сите економски потенцијали. „Потврда за тоа е Буџетот за 2021... Читать дальше...
САД соборија рекорд за бројот на смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, додека болниците во повеќе населениот дел на Калифорнија соопштија дека се толку преполни што повеќе не можат да примаат пациенти со исклучително мали шанси за преживување. Бројот на смртни случаи во САД предизвикани од коронавирусот достигна 3.963 за 24 часа на 5 јануари, според пресметките на Универзитетот Џонс Хопкинс. Земјата исто така забележа 250.173 нови случаи, покажуваат податоците на Универзитетот. Со тоа вкупната... Читать дальше...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун призна дека имало „грешки“ во економскиот развој на земјата на отворањето на конгресот на владејачката партија. Конгресот е прв по пет години и осми во историјата на Северна Кореја. На него учествуваат илјадници делегати и набљудувачи. На отворањето на Осмиот конгрес на Севернокорејската работничка партија во Пјонгјанг, „врховниот лидер зборуваше за успесите постигнати од партијата и народот на Северна Кореја“, соопшти државната севернокорејска новинска агенцијата. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, а во западните со повремени врнежи од дожд, додека на планините со внежи од снег. На крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират низ целата земја, пообилни ќе бидат во западните подрачја. Врнежи од снег ќе повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5 степени, а дневната од 7 до 13 степени. Читать дальше...
Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Турција. Во рамки на посетата тој ќе оствари средба и со турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган. На планираните средби Рама со своите соговорници ќе разговара за случувањата во регионот, како и билатералните односи меѓу двете земји, наведува албанските медиуми. Шефот на грчката дипломатија Дендиас во посета на Тирана Рама кој се смета за голем пријател со Ердоган, во средината на септември минатата година беше... Читать дальше...
Пандемијата со ковид-19, но и преселувањето на предметите од поранешното СЈО во Јавното обвинителство се дел од причините за застој во судските лавиринти за предметите поврзани со незаконското прислушување. Министерот за правда најави дека реформите во судство годинава ќе добијат приоритет.
Демократот Рафаел Вaрнок прогласи победа во вториот круг од изборите за Сенатот, објави агенцијата Франс прес, додавајќи дека републиканката Кели Лефлер не го признава поразот. Од изборите за Сенатот зависи дали демократите или републиканците ќе имаат контрола над горниот дом на Конгресот на САД. Доколку победата на Ворнок биде потврдена, овој 51-годишен баптистички свештеник од Атланта ќе биде првиот црн сенатор избран во Џорџија. Неговиот ривал Кели Лефлер 50-годишен претприемач стана сенатор пред помалку од една година. Читать дальше...
Полицијата во Хонг Конг денеска уапси околу 50 поддржувачи на демократијата врз основа на законот за национална безбедност, објавија локалните медиуми. Акцијата за апсење, како што се додава, била насочена кон поранешните пратеници, но и кон помладите активисти поради наводниот „обид за уривање на градската власт“. Агенцијата Франс Прес објави дека меѓу уапсените има и еден американски адвокат од канцеларијата што се занимава со човекови права. Уапсен Џошуа Вонг, најпознатиот активист во Хонг Конг... Читать дальше...
Шкотската премиерка Никола Старџен го предупреди американскиот претседател во заминување Доналд Трамп дека ограничувањата што се на сила во Шкотска, каде што тој има терени за голф, не му дозволуваат да дојде. Локалниот весник Сандеј Пост објави дека аеродромот Прествик на истокот од Шкотска добил известување за пристигнување на Боинг 757, кој често го користи Трамп, на 19 јануари, ден пред инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден. Весникот додава дека активностите биле интензивирани... Читать дальше...
Православните христијански верници во државава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Оваа година поради пандемијата ќе изостане вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Одборот за прослава на Бадник, најави дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи. Нема да има делење на бадникови гранчиња во дворот на Соборниот храм „Климент Охридски“ во Скопје... Читать дальше...
Денешната заедничка седница на двата дома на американскиот Конгрес за броење на изборните гласови доби дополнително значење оваа година, бидејќи дел од републиканците - сојузници на претседателот Доналд Трамп ветија дека ќе се обидат да ја поништат победата на демократот Џо Бајден и да ја нарушат волјата на американскиот народ. Десетина републикански сенатори и стотина членови на Претставничкиот дом - се повикуваат на неоснованите обвинувања на Трамп за широка изборна измама. Тие велат дека официјално... Читать дальше...