Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 345 нови случаи на ковид-19, а осум луѓе починаа, информира Министерството за здравство. Направени биле 2455 тестирања. Балканот заборавен од ЕУ за вакцини против Ковид 19 Најмногу нови случаи има во Скопје - 129, па потоа следат Кавадарци со 31 нови случаи, Прилеп 26, Охрид 23, Куманово 21, Неготино 14, Велес 13, Штип 12, Тетово 10, Дебар и Струмица по 9, Струга 8, Гевгелија 7, Битола и Крива Паланка по 6, Радовиш-5, Крушево 4, Ресен и Виница по 3... Читать дальше...
Кинеските државни медиуми ја обвинија американската администрација во заминување за обид за злонамерно долготрајно влошување на односите меѓу Кина и САД поради укинувањето на децениската американска политика за контактите и другите аспекти на односите со Тајван. Огорчениот коментар на кинеската државна новинска агенција Синхуа следи по вчерашната најава на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека ги укинува „самонаметнатите ограничувања“ на извршната власт на САД. „Администрацијата на Трамп... Читать дальше...
Десетици активисти се приведени за време на гласањето на парламентарните избори во Казахстан. Има извештаи за забрана или пак за задржување на независни набљудувачи да пристапат до местата на гласање. И покрај повиците на критичарите на власта да се бојкотираат изборите, во земјата се одвива гласањето. Има пријава и дека интернетот во главниот град бил блокиран, додека имало протест на опозициска партија. Полицијата ги опколила демонстрантите и привела повеќе од десетина лица на тој настан. А... Читать дальше...
Поради зголемените врнежи од дожд се излеаја реките Крива Река и Пчиња во неколку села, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово и од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, чии екипи веќе неколку дена ги санираат критичните точки по течението на двете реки. Во селата Јачинце, Клечовце, Довезенце и Пчиња поплавени се земјоделски обработливи површини, викенд куќи, помошни простории. Пчиња се излеа и на игралиштето во селото Пчиња, како и на земјоделско земјиште на потегот на Пчиња кон Студена Бара. Читать дальше...
Во центарот на Копенгаген синоќа дојде до судири меѓу демонстрантите кои протестираа против владините мерки за ограничување на епидемијата на коронавирусот и полициските единици за сузбивање протести. Повеќето говорници на плоштадот пред Градското собрание оценија дека рестриктивните мерки се целосно несразмерни со опасноста од заразата и стапката на смртност од ковид-19 и дека ги загрозуваат основните човекови права и слободи. По говорите, демонстрантите, со запалени навивачки факли, се обидоа... Читать дальше...
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 438 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Заедно со пацинтите кои се лекуваат во Скопје, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите. Во ковид – центрите во Скопје се лекуваaт... Читать дальше...
По исклучителна силната снежна виулица која го зафати централниот дел на Шпанија, властите денеска забрзано го чистат снегот во Мадрид и другите делови на земјата, пред доаѓањето на уште еден силен леден бран. Снежните врнежи од над 10 сантиметри во петокот и во саботата го покрија Мадрид и дел од Шпанија и го парализираа сообраќајот. Во централниот регион на земјата од петокот навеа најмногу снег од 1971 година. Снежната бура Филомена донесе силни дождови во другите делови на Шпанија при што загинаа тројца луѓе. Читать дальше...
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева се договориле претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план. Од МНР соопштија дека низ текот на редовната комуникација меѓу двете страни има континуирана размена на мислења и на идеи; двете страни често споделуваат свои предлози и видувања во кои ги посочуваат и објаснуваат нивните позиции. Последен од низата е Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна... Читать дальше...
Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје се одвива само по една сообраќајна лента, откако на автопатот е пронајден починат човек покрај возилото со кое тој претходно управувал. Од Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес за МИА изјавија дека истрагата треба да разјасни дали сега починатиот починал од удар на колата или претходно нешто му се случило. Со возилото управувал шеесетгодишен човек, а во возилото била и неговата мајка која има 89 години, но таа имала полесни повреди. Тие патувале од Прилеп за Скопје. Читать дальше...
Двете црни кутии од Боингот на индонезиската авиокомпанија кој се урна во морето во близина на главниот град Џакарта со 62 луѓе се локализирани, објави денеска безбедносниот одбор на индонезиското Министерство за сообраќај. „Ја локализиравме положбата на двете црни кутии“, рече шефот на безбедносниот одбор Серџанто Џахџанто. „Нуркачите ќе почнат да ги бараат и се надеваме дека нема да треба многу време да се извадат“, рече тој. Боинг 737-500 на авиокомпанијата Сривиџаја Ер вчера изгуби контакт... Читать дальше...
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија ќе има два милиона вакцини до крајот на јануари, од различни производители, вклучувајќи ги и количините што пристигнаа на крајот на декември. Таа рече дека дополнителни 1,3 до 1,5 милиони дози вакцини се очекуваат во февруари. „Се надевам дека до мај, јуни ќе можеме да ја завршиме вакцинацијата. Ако успееме, ќе бидеме една од првите земји што ќе го сториме тоа во Европа“, рече Брнабиќ. СЗО: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини... Читать дальше...
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во егзил, го обвини Твитер за „неприфатлив чин на цензура“, откако Твитер воведе целосна забрана на профилот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп. Твитер вчера соопшти дека воведува целосна забрана на прифилот на Трамп поради „поради ризик од понатамошно поттикнување насилство“, по насилствата во главниот град на САД оваа недела. Навалник, кој е критичар на Кремљ, вели дека овој преседан ќе биде искористен од непријателите на слободата на говорот ширум светот. Читать дальше...
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Нови 556 случаи на заразени со ковид-19 Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало четири нови приеми на пациенти... Читать дальше...
Во Киргистан денеска се одржуваат претседателските избори на кои националистичкиот политичар Садир Јапаров се обидува да ја зацврсти својата власт. Изборите се одржуваат на три месеци по масовните протести по спорните парламентарни избори, што ја доведе земјата до политички хаос. Во централноазиската земја со 6,5 милиони жители, истовремено се одржува и референдум за тоа дали земјата ќе го задржи сегашниот парламентарен систем или ќе се врати на претседателски систем. Според податоците, повеќе... Читать дальше...
Врнежите од дожд, кои наместа се очекува да надминат и 50 литри на метар квадратен се очекува да ги зголемат значително водостоите, особено на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна. Од УХМР најавуваат дека во западните делови на места се очекува врнежите да надминат и 50 л/м2 и дека во тие делови од земјата се очекуваат значително високи водостои, полнење на речните корита како и локални излевања. Врнежливо време, од задутре и заладување Во источниот дел врнежите се очекува да бидат послаби... Читать дальше...
Од 28 декември до 3 јануари во државава пријавени се 24 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Од заболените 15 се од Дебар, пет од Кичево, двајца од Струмица и по еден од Куманово и од Прилеп. Во сезоната 2020/2021 вкупниот број заболени од грип изнесува 379, што е за 54,2 отсто помалку споредено со истиот период минатата сезона кога имаше 828 заболени. За сезоната 2020/2021, Министерството за здравство набави бесплатна... Читать дальше...
Пронајдени се делови од авионот и делови од човечко тело по падот на патнички авион во Индонезија. Авионот на компанијата „Сривиџаја ер“ се урна вчера во морето по полетувањето од главниот град Џакарта. Патничкиот авион превезувал 62 патници и членови на екипажот кога исчезнал од радарските екрани четири минути по полетувањето од Џакарта кон Калимантан. Тамошните власти соопштија дека воените нуркачи забележале остатоци од авион во Јаванското Море на длабочина од околу 25 метри. „Добивме извештаи... Читать дальше...
Времето денеска во земјата ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Дневната температура ќе се движи од 5 до 13 степени. Во Скопје, времето ќе биде облачно со пообилни, повремено поројни врнежи од дожд, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне 6 степени. Облачно... Читать дальше...
Нашите погледи кон соседите се изградени во еден претходен систем и тие биле антибугарски, антиалбански, антигрчки. Сега кога влегуваме во друг сојуз не можете со истите очила да го гледате светот. Сега погледот кон соседите треба да се создаде во Скопје, вели министерот Бујар Османи.
Секое излегување од Договорот за пријателство со Бугарија, го прави проблемот конфузен и неразбирлив, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој додава дека идентитеските теми како јазикот се на маса, но дека за нив македонската страна не преговара.