Играњето со „опасни мисли“, национализам, и натпреварот - Кој е поголем Албанец или поголем Македонец?, не стивнува и по овие избори во очи на формирањето на нова влада.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека руските власти продолжуваат да ги задушуваат независните информации и слободата на говор. „Гласот на Америка и Радио Слободна Европа се витален извор на информации за Русите. Ги повикуваме руските власти да ги преиспитаат новите ограничувања на слободните медиуми“, напиша Помпео на Твитер. Претходно, Стејт департментот ја објави изјавата на Помпео дека Соединетите држави се „длабоко загрижени“ за неодамнешниот нацрт-декрет на руските власти,... Читать дальше...
Либан може да остане без леб за околу две и пол недели, бидејќи 85 проценти од житото доаѓа преку пристаништето во Бејрут, уништено во експлозија во минатиот вторник. Ова го изјави денес директорот на Светската програма за храна Дејвид Бизли кој во Бејрут ја проценува штетата од експлозијата во пристаништето на 4 август и изгледите за закрепнување. На онлајн конференцијата на ОН за хуманитарната состојба во Либан по експлозијата, Бизли рече дека неговиот тим утврдил дека, и покрај последиците од експлозијата... Читать дальше...
Соединетите држави го предупредија Белград дека треба да биде свесен за ризиците што се создаваат од набавка на оружје од кинески компании и оценија дека изборот на добавувачи треба да ја одразува прогласената цел на Србија за интеграција во Европската унија. По повод одлуката на Србија да го купи ракетниот систем ФА-3 за противвоздушна одбрана од Кина, нова генерација ракети со среден дострел, американската амбасада во Белград за Радио Слободна Европа изјави дека набавката на воена и одбранбена опрема е суверена одлука на секоја земја... Читать дальше...
Кандидатот за претседател на белоруската опозиција Свјатлана Циханоскаја замина за Литванија и е безбеден, објавени денеска на Твитер министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус. До ова дојде по втората ноќ на судири во Белорусија по спорните претседателски избори на 9 август на кои Циханускаја се појави како ривал на авторитарниот претседател Александар Лукашенко. Најмалку едно лице загина во текот на протестите на 10 август. Еден демонстрант загина на вториот ден протести... Читать дальше...
Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од одредени земји со висок ризик, рече надлежниот министер за семејни работи и за социјалните услуги Криста Кијуру, откако 24 од 157 патници кои пристигнале од Скопје биле позитивно тестирани. Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаа со летот од Скопје, откако властите дозволија летови од Скопје и од Букурешт. Расте бројот на нови случаи на ковид-19 на Балканот „Епидемијата е на Балканот“... Читать дальше...
Состанокот на Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука на кој се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември, ќе продолжи денеска. „Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука“, епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата и директор на Центарот за јавно здравје Скопје. Во пресрет на одлуката за тоа како ќе се одвива наставата од 1 септември, во услови на голем број шпекулации... Читать дальше...
Претседателот на САД Доналд Трамп нагло бил изнесен од брифинг просторијата на Белата куќа на 10 август, поради пукање во близина на оградата на Белата куќа. Агент на Тајната служба го прекина Трамп само неколку минути откако започна брифингот за коронавирусот во САД, велејќи: „Господине, може ли да ве замолам да дојдете со мене?“ Трамп и неговиот персонал потоа ја напуштија просторијата. Подоцна се врати и ја продолжи прес-конференцијата, велејќи дека ситуацијата се чини дека е под контрола. Трамп... Читать дальше...
Еден демонстрант загина во Минск за време на вчерашните демонстрации против официјалните изборни резултати о Белорусија на кои победи актуелниот претседател Александар Лукашенко. Демонстрантот починал откако неидентификувана експлозивна направа пукнала во неговата рака додека се обидувал да ја фрли врз полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Имаше извештаи дека врз демонстрантите било стрелано при што лицето загинало. Некои од демонстрантите се обиделе да градат барикади со канти за ѓубре. Читать дальше...