Директорот на Агенцијата за млади и спорт ги ocyди „Комитите“ поради нaвpeдливите слогани кои ги користеле на прославата, а од МВР и ОЈО најавија дека ќе започнат со истраги и кpивични пријави за навивачите бидејќи ги нaвpeдyвале функционерите на власт. Основните јавни oбвинитeлcтвa ќе ги следат сите информации и ќе преземат aкција се додека случајот за кој сте заинтересирани од Министерството за внатрешни работи како овластен opган за идeнтификaција на лицата кои го извршиле кpивичното дeлo конкретно... Читать дальше...
Кога некој одив во војна не оди да се бори сам, поради тоа потребна е соработка меѓу сојузниците, а не само градење на индивидуланите капацитети на армиите, порача денеска шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел, од воениот полигон „Криволак“, каде се одржува досега најголемата воена вежба на овој полигон со вкупно 2.700 војници и тоа од родовите пешадија, артилерија, специјални единици и авијација. „Оваа вежба е да покаже колку е силен нашиот завет на партнерство. Вежбата„Одлучен... Читать дальше...
Со одлука на воените власти во САД, запрена е обуката на турските воени пилоти за авиони Ф-35 и тие ќе треба да ги напуштат САД до 31 јули. Како што пренесуваат светските медиуми, одлуката е донесена по разговорите на САД и Турција кои се однесуваа на испорака на руските противракетни системи С-400 во Турција. Според американски медиуми, не е исклучено мерката да биде укината, доколку Анкара се откаже од купувањето руските системи.
Кандидатот за иден премиер на Велика Британија и за лидер на Конзервативната партија Мајкл Гоув призна дека во неколку наврати, кога бил млад, земал кокаин и потенцираше оти жали поради тоа. „Неколкупати сум земал кокаин на социјални настани пред повеќе од 20 години. Тогаш бев млад новинар. Беше грешка. Погледнувам на назад и посакувам да не го направев тоа“, изјави Гоув (51), кој е министер за животна средина и храна од 2017 година. Тој рече дека грешките од минатото не би требало да го дисквалификуваат... Читать дальше...
Официјални податоци ги демантираат сите лаги и измислици на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои не можејќи да се помират со економските успеси, продолжуваат да шират лаги и измислици за наводен крах на економијата, реагираше владејачката СДСМ на обвинувањата од Христијан Мицкоски дека Владата на Зоран Заев ја уназадува државата и дека нема да добиеме датум за почеток со преговори со ЕУ. „Наместо да се затскрива зад партиски реакции, го охрабруваме Мицкоски да ја следи работата на Владата и премиерот Зоран Заев... Читать дальше...
Од почетокот на економската и политичка криза, од Венецуела заминале четири милиони бегалци и мигранти, предупреди денеска високиот комесаријат на ОН за бегалци и Организацијата за миграција. Нивниот број на крајот на 2015 година изнесуваше 700.000, а до средината на оваа година бројот на бегалци достигна четири милиони, објавија агенции на ОН во заедничката изјава. Алармантни бројки укажуваат на итна потреба за поддршка на земјите што ги примиле, главно во Јужна Америка – Колумбија, Перу, Чиле, Еквадор, Бразил и Аргентина.
По моќната бура што ја погоди земјата загинаа три лица, а илјадници домаќинства останаа без струја, соопштија француските власти. Тројца спасувачи од француската поморска служба за спасување загинаа вчера, кога нивниот брод се преврте во бурното море, откако бурата „Мигел“ го погоди Атлантскиот Океан. Спасувачкиот брод со седум лица екипаж се преврте на 800 метри од брегот, објави локалното обвинителство. Тројца членови на екипажот починаа, а четворица успеаја да допливаат до брегот. Тимот... Читать дальше...
Сведоци сме како и последната надеж, на која се потпира оваа Влада на Заев за едно прашање, полека но сигурно исчезнува, а европската перспектива е се повеќе загрозена од клиентелизмот на Заев и власта, неспособноста и егоистичните мотиви да се владее за свој личен бенефит, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вели дека Македонија нема да добие датум од ЕУ. „Станува јасно дека стратегијата на Зоран Заев беше власт по секоја цена, но не власт за да биде подобро за сите,... Читать дальше...
Бугарската полиција во соработка со Агенцијата за безбедност и обвинителството уапсила малолетник кој се подготвувал за терористички напад во Пловдив, објавија бугарските медиуми. Станува збор за бугарски државјанин, кој, според изворите на бугарските медиуми е помлад од 18 години. Неговата намера била да активира рачна бомба на последниот училиштен ден. Бомбата била најдена во неговата куќа. За момчето и неговото семејство во полициските досиеја досега не биле забележани никакви радикални активности. Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше американската вселенска агенција НАСА за намерата повторно да испрати астронаути на Месечината во 2024 година, наместо, како што тој вели, да се фокусира на „многу поголемата“ иницијативата, како што е заминувањето на Марс. „За сите пари што ги трошиме, НАСА не треба да зборува за одење на Месечината, тоа гонаправивме пред 50 години”, напиша Трамп на Твитер. Наместо тоа, како што рече, НАСА треба да се фокусира на „многу поголемите работи што ги правиме... Читать дальше...
Градските служби информираат дека во вторник и во среда на подрачјето на Град Скопје ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против комарци. „Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11 јуни во вторник и на 12 јуни среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе почне на 12 јуни и ќе заврши најдоцна до 15 јуни (од среда до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден“, соопштија од Град Скопје. Доколку временските услови во наведените денови не се поволни... Читать дальше...
Тоа што го соопшти претседателот Стево Пендаровски, дека го поддржува пропрционалниот изборен модел со отворени листи, е постулат и од нашата изборна програма. Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако од Кабинетот на Претседателот дадоа поддршка за иницијативата за менување на изборниот модел. Николовски потенцира дека сепак за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии. Измената... Читать дальше...
Владата денеска додели 17 решенија за поддршка на руралниот развој во општините. Со ова, како што истакнаа вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, почнува реализирањето на планираните проекти за поквалитетен живот преку обнова и развој на селата, осовременување на инфраструктурата, изградба на патишта до земјоделските површини, зачувување и унапредување на традиционалните вредности,… До Владата за поддршка... Читать дальше...
Опозицискиот лидер во Венецуела, Хуан Гваидо изјави дека опозицијата во моментов не планира да преговара во Норвич со претставниците на претседателот Николас Мадуро. Според Гваидо, бескорисно е сето она што не води кон оставка на Мадуро. Гваидо, кој е претседател на собранието, се прогласи за претседател на Венецуела во јануари. Тој обвинува дека владата на Мадуро била избрана на нелегитимен начин.
Пред почетокот на вчерашниот фудбалски натпревар во рамки на квалификации за „ЕП 2020“ помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Република Полска, во паркот на франкофонијата во Скопје дошло до физичка пресметка меѓу две групи на полски навивачи. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници и приведени се 223 лица во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров за понатамошна постапка. Против нив се поднесени соодветни поднесоци пред надлежен суд за прекршоци.
НАСА објави дека од 2020 ќе им овозможи на туристите да ја посетуваат Меѓународната вселенска станица , со што се укинува долгогодишната забрана за приватни летови до ова вселенско летало. Првите приватни космонаути ќе може да престојуваат на Меѓународната вселенска станица до 30 дена и до неа ќе патуваат исклучиво во американски летала. Еден ден на станицата би чинело 35 000 долари Годишно се планира да бидат изведени две приватни мисии , рече заменик директорот на НАСА, Робин Гатенс. Инаку ... Читать дальше...
Претседателот Стево Пендаровски ја поддржува иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до неговиот Кабинет, за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, а во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на... Читать дальше...
Словенечкото Собрание со нов уставен амандман го прогласи правото на питка вода за основно човеково право. На овој начин, практично се оневозможува приватизацијата во оваа област, бидејќи само државата може да управува со изворите и другите водните ресурси. Во новиот член 70А од Уставот се наведува дека секој граѓанин на Словенија има право на питка вода, дека водата е јавно добро под управа на државата, и дека изворите на вода пред се и трајно треба да служат за снабдување на населението со питка вода и вода за домаќинствата. Читать дальше...
Мексико се согласи да прими повеќе мигранти кои бараат азил во САД во периодот додека азилантите ќе ја чекаат одлуката на американските власти за нивните случаи, се наведува во заедничката декларација на САД и Мексико. Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард вели дека в понеделник ќе почне распоредување на припадници на Националната гарда на Мексико на кужната граница со Гватемала со цел да се спречи прилив на мигранти кои одат кон САД. Американскиот претседател Доналд Трамп... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин го осуди, како што рече, „обидот да се истера Хуавеј од меѓународниот пазар поради обвиненијата на САД дека кинескиот телекомуникансиски гигант ја користи својата технологија за шпионажа“ и рече дека таквата агресивна американска тактика ќе доведе до трговски војни, а можеби и до реални војни. Путин ова го изјави на меѓународен форум во Санкт Петербург во присуство на неговиот кинески колега, Си Џинпинг. „Во некои кругови, ова веќе се нарекува прва технолошка војна на дигиталната ера“, рече Путин.
Тактичка вежба со боево гаѓање ќе се одржи денеска на „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“, која од 5 јуни до 9 јули, во две ротации се одржува на Центарот за поддршка на обуката. Пешадија, артилерија и воздухопловни единици ќе учествуваат во тактичката вежба, која е отворена за медиумите, а ќе присустува и Џозеф Ленгиел, шеф на Бирото на националната гарда на САД. Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата учествуваат во оваа најголема воена вежба во земјава. Читать дальше...
ЕУ никогаш нема да биде компелтна без Западен Балкан, но мора да ја замени „геополитиката“ со вистинска геополитика, рече генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, зборувајќи на ГЛОБСЕК форумот во Братислава, заедно со претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. „Европската унија мора да биде подготвена Западен Балкан навистина да го постави како свој геополитички... Читать дальше...
Македонските институции половично ги користат парите од европските фондови покажуваат извештаите од ЕУ. Причините за неискористеноста на европските фондови, граѓанскиот сектор ги гледа во ненавремено програмирање и слабите административни капацитети. Најслаба искористеност покажуваат секторите транспорт и животна средина, каде што и најмногу пари и се потребни на државата.
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Според УХМР, минималната температура ќе биде меѓу 10 и 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне 33 степени.