По моќната бура што ја погоди земјата загинаа три лица, а илјадници домаќинства останаа без струја, соопштија француските власти.
Тројца спасувачи од француската поморска служба за спасување загинаа вчера, кога нивниот брод се преврте во бурното море, откако бурата „Мигел“ го погоди Атлантскиот Океан.
Спасувачкиот брод со седум лица екипаж се преврте на 800 метри од брегот, објави локалното обвинителство. Тројца членови на екипажот починаа, а четворица успеаја да допливаат до брегот.
Тимот се обидуваше да му помогне на рибарски брод кој се борел со гигантски бранови, предизвикани од бурата „Мигел” што ги погоди бреговите со налети на ветрот до 120 километри на час.