Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ќе ги посети Сараево и Бања Лука каде што ќе ја изрази приврзаноста на Русија на Дејтонскиата спогодба и ќе ги поддржи суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. Лавров, според најавите од Белград, во Бања Лука би требало да разговара и со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.