Косовскиот Национален институт за јавно здравство потврди дека во Косово една 82-годишна жена починала од западнонилска треска, а друга, 52-годишна, која била заразена од истиот вирус, е излекувана и пуштена на домашно лекување, јави дописникот на МИА од Приштина. Насер Рамадани, директор на Инситутот, изјави дека нема место за паника, но апелира до граѓаните да избегнуваат излегување од дома рано наутро и приквечер, кога убодите од комарците, кои можат да го пренесат заразниот вирус, се позачестени. Читать дальше...