Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници испратија допис до грчкиот веб портал Иефимерида, кој овој месец објави информации дека грчката влада потрошила милионски суми за корумпирање на македонски медиуми и новинари. Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото на Иефимерида да ги објави имињата на новинари и медиуми што наводно примале пари со цел да навиваат јавно за договорот од Преспа. Читать дальше...
Лондонскиот градоначалник, Садик Кан, денеска во Брисел предупреди дека ЕУ треба да се подготви да го одложи Брeгзит додека не се одржи втор референдум или избори со нова влада, која ќе испреговара подобар договор, објавија британските медиуми. „Со толкав влог за Обединетото Кралство и за ЕУ, и со претстојниот пораз на британската Влада во Парламентот, се надевам дека Мишел Барние и ЕУ ќе се согласат да почнат да се подготвуваат за продолжување на Членот 50 за да можеме да избегнеме политичка и... Читать дальше...
„Рајот постои - 15 години АРТ ПОИНТ – ГУМНО“ е насловена изложбата на дела на странски уметници изработени за време на нивниот престој во Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој од Слоештица, што од сабота 27 октомври, ќе се одржи во Демир Хисар.
Владата е силен поддржувач на спортот. Од јануари со ваучери ќе вбризгаме 6 милиони евра дополнително во спортот, изјави премиерот Зоран Заев на Конференцијата на спортските новинари од Југоисточна Европа што се одржува во Охрид. „Имаме и проект од 2,5 милиони за изградба на зграда на спортот каде ќе ги вдомиме сите спортски федерации. И натаму ќе го поддржуваме спортот бидејќи веруваме дека ако оваа дисциплина оди напред тогаш напред оди и државата“, изјави премиерот пред спортските новинари од 14 земји кои се дел од Конференцијата.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) открила ќелија на Исламска држава (ИД), која планирала да изврши големи терористички напади во Москва. „Шест членови на тајна ќелија, која е поврзана со меѓународната терористичка организација Исламска држава, се уапсени во московски регион. Со ќелијата управувале претставници со седиште во Сирија, а со потекло од Централна Азија“, соопшти Федерална служба за безбедност. Од ФСБ информираат дека притворените планирале да извршат големи терористички напади во Москва... Читать дальше...
По серијата од 12 сомнителни поштенски пратки, американските власти уапсија едно лице кое се сомничи за поврзаност со серијата пакети, соопшти Одделот за правда во петокот. Портпаролката на одделот Сара Исгур Флорес рече дека властите планираат да соопштат повеќе информации на прес конференција, на која треба да има и повеќе детали и за 11-тата сомнителна пратка адресирана до демократскиот сенатор Кори Брукер. Претходно сомнителни пратки беа испратени до Барак Обама, Џо Бајден, Хилари Клинтон... Читать дальше...
Исклучувањата на поранешниот моќен шеф на УБК, Сашо Мијалков, како и други високи партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ, се главна тема за анализи во неделниот печат.
Координациите за усогласувањето за измените на Уставот се уште не се завршени, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски. „Во оној момент кога тие ќе бидат во пишана форма ќе бидат јавно објавени и доставени до Собранието за нивно финализирање“, изјави Бошњаковски за МИА. Бошњаковски не прецизира кога би можело тоа да се случи, по најавите дека дел од амандманите би можеле денеска да се достават до пратениците, а по одредувањето на 15-дневниот рок за достава и најавата од премиерот Зоран Заев... Читать дальше...
Осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за пристапување кон уставни измени го известиле претседателот на Праламентот дека ќе настапуваат самостојно како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група. Претседателот на Собранието, Џафери изјави дека добил поединечни известувања дека тие пратеници во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно како независни пратеници, а до собраниската архива е доставен акт дека овие пратеници формираат пратеничка група. Во оваа пратеничка група се Елизабета Канческа-Милевска... Читать дальше...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека ако има добра понуда објектот на седиштето на партијата, познат како Белата палата, би го продале или би го изнајмувале, со цел рационализација на трошоците на партијата. Тој исто така, во интервју за порталот Мкд.мк, вели дека наскоро ќе се сретне со Никола Груевски, во врска со актуелната состојба во државата.
Основното јавно обвинителство соопшти дека ја отфрлило кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа „Зелена лупа“ против 10 судии, со која тие се товареа за злоупотреба на службената положба и овластување. „Зелена лупа“ поднесе кривични пријави за судиите што одлучувале за притвор за поранешните функционери на МВР, Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои избегаа од земјава. Станува збор за тројца судии од Кривичен суд Скопје, тројца од Апелациски суд Скопје и четиримина од Врховен суд. Читать дальше...
Денеска во Флорида беше пронајден уште еден сомнителен пакет, овој пат адресиран до демократскиот сенатор Кори Букер, објавија Си-ен-ен и МСНБЦ. Си-Ен-Ен исто така објави дека полицијата во Њујорк испитува посебен случај на сомнителен пакет во една пошта. Во текот на изминатите два дена сомнителни пакети беа испратени до Хилари Клинтон, Барак Обама, до поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, потоа во ресторанот што е во сопственост на холивудскиот актер Роберт де Ниро во Њујорк, телевизијата... Читать дальше...
ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе предлог закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април, сите опфатени по скратена постапка, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Мислам дека веќе во понеделник ќе го имаат медиумите тој закон кој што е составен од врвни правници кои што учествуваа во градењето и правењето на тој Закон за амнестија за лицата од 27-ми април“, рече Арсовски.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, поднесе нови барања до Саудиска Арабија да ја откријат локацијата на телото на Џамал Кашоги и да кажат кој го наредил негово убиство, укажувајќи дека Анкара е подготвена да продолжи да врши притисок врз Саудиска Арабија, која се обидува да најде начини да излезе од кризата предизвикана со убиството на новинарот, објави британскиот весник Гардијан. „Осумнаесете лица уапсени во Саудиска Арабија мора да знаат кој го уби новинарот и каде се однесени неговите останки“, рече Ердоган во турскиот Парламент.
Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис од Солун го повтори ставот дека нема да го поддржи Договорот од Преспа, истакнувајќи дека не можат да поддржат договор што отстапува македонски јазик и македонска националност. „Секако од овде, од нашата Македонија, имаме и еден долг повеќе да се посетиме на славните страници од нашата историја. Бидејќи почнува реализацијата на настани што се на товар на националните интереси, повторно да потсетиме дека ние како Нова демократија... Читать дальше...
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон изјави дека Вашингтон ги преземал сите неопходни санкции против Русија во врска со војната против Грузија во 2018 година. Болтон пред новинарите во Тбилиси, по денешните средби со високите грузиски претставници, рече дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет и независноста на Грузија. Русија ги поддржува сепаратистичките лидери во Јужна Осетија и Абхазија, кои се оттргнаа од контролата на грузиската централна власт во раните 90-ти години... Читать дальше...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да се сретне со лидерите на Чешка и Словачка. Откако тргна на неговиот пат, Макрон ги предупреди лидерите на источните членки на ЕУ да не се повлекуваат од принципите на блокот, издвојувајќи ги Унгарија и Полска, чии националистички влади се судрија со Брисел. Во интервју објавено во чешките, словачките, унгарските и полските медиуми, францускиот лидер инсистираше дека „Европа не е супермаркет“, истакнувајќи го тоа што го кажа претходно дека... Читать дальше...
Поранешниот премиер Никола Груевски добил упатен акт да се јави во затворот во Шуто Оризари најдоцна до 8 ноември, каде што треба да ја отслужи двегодишната казна за набавката на возилото „мерцедес“, потврдуваат од Кривичниот суд од каде информираат дека упатниот акт на Груевски му бил доставен утрово во судот, пред почетокот на судењето за предметот „Траекторија.“ Од судот велат дека по претходно неуспешен обид да му биде доставен упатниот акт на домашна адреса, „на едно од правосилно осудените... Читать дальше...
На хартија Македононија има одлична подготовка за е-трговија, но во пракса е на претпоследното место од сите европски држави со само 20 проценти онлајн купувачи, беше истакнато на денешната Прва конференција за е-трговија во Македонија што се одржува во Скопје. Според податоците на Народната банка на Република Македонија, Македонците во првото полугодие од годинава потрошиле 63 милиони евра за онлајн купување, што претставува раст во однос на истиот период минатата година, но, сепак се уште земјата... Читать дальше...
Дел од нацрт уставните амандмани денеска ќе бидат доставени во Собранието, постапката ќе почне да се реализира од понеделник па натаму, изјави пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацоски. Тој вели дека е потребно по три дена за секој амандман во собраниската комисија па подоцна и на пленарната седница, доколку сите амандмани, како што вели, што ги знаат и очекуваат бидат доставени, тоа ќе одземе околу два до два ипол месеци за комплетниот процес, рече Кирацовски. „Се надевам... Читать дальше...
Ердоган ја повика Саудиска Арабија да ја открие локацијата на телото на Кашоги. Ердоган рече дека Ријад треба да го објави идентитетот од „локалниот соработник“ кој наводно го земал телото на Кашоги од саудиските агенти, откако колумнистот на Вашингтон Пост бил убиен во конзулатот во Истанбул на 2 октомври. Зборувајќи денеска пред провинциските претставници на неговата партија во Парламентот, Ердоган рече дека Турција има други „информации и докази“ за убиството на Кашоги во саудискиот конзулат. Читать дальше...
Со исказ на вешто лице вработено како биолог во лабораторија при МВР, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро од 12 април 2012 година. На почетокот од рочиштето обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, но во одговорот доставен од Министерството за правда се вели дека е побарана екстрадиција на обвинетите, но оти се уште нема одговор. Читать дальше...
Аналитичарите оценуваат дека во последниве години се засилени реакциите на Русија за Македонија и оти официјална Москва може да влијае на Балканот и преку мала инвестиција како што се зачестените соопштенија.
Најмалку шест луѓе загинаа во рускиот југозападен регион Краснодарски крај за време на поплави предизвикани од пороен дожд. Министерот за вонредни состојби на Краснодарски крај, Сергеј Капустин, денеска изјави дека телата на жртвите од поплавите биле најдени во областите Туапсе и Апшерон. Илјадници згради во околу 30 градови и села во регионот, вклучително градовите Туапсе и Сочи, беа погодени од високи нивоа на води предизвикани од обилните дождови кои ја погодија областа на 24 и 25 октомври. Читать дальше...
Ребаланс на буџетот е неопходен откако се покажа дека до крајот на годината нема да може да се потрошат парите предвидени за капитални трошоци. Владата одлучи да врати половина од наталожените долгови на општините.