Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди обидот да се испратат сомнителни пакети во домот на поранешниот претседател Барак Обама, во домот на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која му е сопруга на поранешниот претседател Бил Клинтон, како и во седиштето на медиумот Си-Ен-Ен и компанијата Тајм Ворнер. Трамп на Твитер ја сподели пораката на потпретседателот Мајк Пенс и рече дека „целосно се согласува“. И Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама... Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди обидот да се испратат сомнителни пакети во домот на поранешниот претседател Барак Обама, во домот на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која му е сопруга на поранешниот претседател Бил Клинтон, како и во седиштето на медиумот Си-Ен-Ен и компанијата Тајм Ворнер. Трамп на Твитер ја сподели пораката на потпретседателот Мајк Пенс и рече дека „целосно се согласува“. И Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама... Читать дальше...
Европскиот парламент со големо мнозинство ја поддржа забраната за употреба на пластика за еднократна употреба ширум земјите членка на ЕУ, како што се пластичен прибор за јадење, тањири, стапчиња за уши, пластични стапчиња за балони, сламки за пиење. Со овој предлог закон се предвидува и смалување на употребата на пластина мабалажа за пакување храна и пластични садови за пијалок. Европската комисија предложи забрана за такви предмети, за кои се вели дека се одговорни за 70 отсто од отпадот во океаните и плажите. Читать дальше...
Саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман, вети дека ќе бидат казнети сите виновници одговорни за убиството на новинарот Џамал Кашоги во Турција. Тој вели дека убиството на Кашоги е грозоморен чин за кој нема оправдување. Саудискиот принц говорејќи на работен форум во Ријад рече дека злосторството било болен чин за сите Саудијци, но дека нема никогаш да дозволат прекин на добрите односи со Турција. Саудиските власти претходно ги отфрлија обвинувањата дека принцот имал улога во убиството. Читать дальше...
Битолчани со поделени ставови за работата на локалната власт една година по локалните избори. Градоначланичката се бори со наталожените проблеми, опозицијата обвинува дека власта не си ја работи работата.
Деновиве ќе започнат првите консултации за утврдување на уставните амандмани, вели премиерот Зоран Заев. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека се отворени за учество на опозицијата во процесот. В предвид ќе бидат земени и предлозите на дел од опозициските пратениците кои гласаат „за старт на уставни измени. Премиерот очекува расправата во Собранието да ги запази утврдените рокови. „Ако утре се подготвени пратениците, утре ќе го направиме тоа. Убаво е порано да седнеме, лесно ќе го направиме тоа... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев вели дека ќе почека да го види предлогот за амнестија на сите учесници во собраниските настани на 27 април, што го даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, но тврди дека со тоа не смее да се урниса правната држава. Заев вели дека сака да ги разгледа сите предлози, но дека сè што ќе се прави мора да се прави внимателно, оти како што вика, сè што се прави будно го следат членките на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ бара амнестијата да важи за сите инволвирани во настаните во Собранието... Читать дальше...
Пратениците на денешната седница не ја усвоија одлуката за формирање анкетна комисија за испитување на референдумот од 30 септември. Одлуката ја поддржаа осум пратеници, а 60 беа против. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за време на референдумот имало нерегуларности, па затоа и побараа собраниска анкетна комисија која ќе го испита тоа. На денешната седница пратениците меѓу другото усвоија и нов закон за обештетување на стечајците.
Американската тајна служба пресретнала „потенцијални експлозивни направи“ кои биле наменети за домовите на поранешниот претседател Барак Обама и поранешната државна секретарка и поранешна прва дама Хилари Клинтон. Во денешното соопштение Тајната служба наведува дека ги пресретнале пакетите упатени до Обама и Клинтон и тие не стигнале до примателите. Си – Ен – Ен јави дека „сомнителен пакет“ бил упатен и до Белата куќа, но потоа пренесоа дека сепак немало такво нешто. Медиумот објави и дека била евакуирана зградата во Њујорк... Читать дальше...
Словенечкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Миро Церар кој е во посета на Македонија, ја поздрави одлуката на Парламентот да почне процедура за уставни измени во насока на реализација на Договорот од Преспа. На средбата со премиерот Зоран Заев, Церар најавил продолжување на поддршката од Словенија за развојот на Македонија и членството во НАТО и во ЕУ, информираат од владината прес служба. Премиерот Заев, пак, посакал успех на новата словенечка Влада, на новиот премиер и на министрите и се заблагодарил за поддршката... Читать дальше...
Поранешниот висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, за кого пред два дена партијата побара да биде исклучен, бара да биде повикан на состанок во матичниот општинскиот комитет Карпош, за, како што пишува, да ги каже и своите факти и докази. Тодоров на Фејсбук се обраќа до претседателот на ОК Карпош и вели дека има право, а претседателот на ОК има обврска да го повика на состанок. „Затоа барам да ме повикате на состанокот на ОК, да ми ги презентирате фактите и доказите против мене, да ги слушнете моите аргументи... Читать дальше...
Финансиската полиција денеска привела четири луѓе од Демир Капија, меѓу нив и поранешен градоначалник на општината. Тие се приведени на информативен разговор, велат од финансиската полиција. Од Управата за финансиска полиција за МИА велат дека по завршувањето на разговорот со приведените во соработка со Јавното обвинителство ќе се одлучува за понатамошна постапка.
Деновиве на магистралниот пат Кичево – Охрид е најден прегазен рис кај месноста Славеј Планина, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД), наведувајќи дека за прегазеното животно добиле повик од член на ловното друштво „Питон“, но и покрај напорите да му се укаже прва помош на животното, тоа угинало од повредите на пат кон ветеринарната клиника во Скопје. МЕД е организација која 12 година работи на зачувување на балканскиот рис како критично загрозено животно според критериумите на Светската унија за заштита на природата. Читать дальше...
Речиси 150 дела, скулптури и цртежи од сите фази на неговото творештво, се претставени на ретроспективно-монографската изложба на доајенот на македонската уметност Драган Попоски Дада, што од 24 октомври до 24 ноември се одвива во НУ Национална галерија на Македонија - во Даут пашин амам во Скопје.
Опозициската ВМРО–ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата на 27 април во Собранието, велат од партијата. Од таму велат дека доколку власта навистина е за помирување, тогаш ќе го прифати предлогот. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии. Од партијата велат дека нема да учествуваат во работа, на како што велат, некакви комисии и форми во Собранието, кои според ВМРО-ДПМНЕ се само за замaјување на јавноста и обид за селективна правда.
Рускиот претседател Владимир Путин му беше домаќин на италијанскиот премиер Џузепе Конте во Москва, каде разговараа дека очекуваат да се фокусираат на напори за зголемување на економските односи. Откако двајцата лидери го започнаа денешниот состанок во Кремљ, Конте рече дека Русија и Италија успеале да го зачуваат „квалитетот и обемот“ на нивните врски. Италија е шестиот најголем трговски партнер на Русија со раст постигнат во текот на изминатите две години, изјави Путин пред италијанскиот премиер. Читать дальше...
Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањето во партијата на која тој долги години беше лидер. Разрешувањата уследија по одлуката на дел пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“ почеток на уставните измени. Тој на пауза од рочиштето за „Титаник” изјави дека нема да ги коментира случувањата во партијата, но рече дека посакува силна и обединета партија. Груевски кој е осуден во случајот Тенк и кој според пресудата треба деновиве да се јави во затвор... Читать дальше...
Четири деца се повредени, откако неидентификувани вооружени лица отвориле оган во училиште во главниот град на пакистанската југозападна провинција Балочистан, велат официјални претставници. Безбедносни претставници велат дека децата се здобиле со прострелни рани, откако напаѓачите од мотоцикл пукале во државното училиште во градот Квета, пред да избегаат од местото на настанот. Повредените веднаш биле однесени во главната болница во градот, изјавија официјални претставници. Ниту една група засега не презеде одговорност за нападот. Читать дальше...
Ако опсегот на амнестијата биде преголем, ќе пропаднат најавите на власта за борба против криминалот, но ако биде премал, опозициските пратеници нема да го прифатат.
Забрзување на евроатлантските интеграции следува по стартувањето на процесот за уставни измени, сметаат аналитичарите. Тие предупредуваат дека не смее да се дозволи да имаме многу силна власт, како што беше во минатото.
НАТО ја започнува својата најголема воена вежба по распадот на Советскиот сојуз, собирајќи десетици илјади трупи, за она што шефот на Западната алијанса го нарече „силен призказ“ на нејзината способност и единство во време на растечка опасност во Европа. „Главната фаза на вежбата „Trident Juncture“ ќе започне утре во Норвешка“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел додавајќи: „Ова е важен ден бидејќи „Trident Juncture“ е најголемата вежба... Читать дальше...
Белата куќа соопшти дека турка планови за формирање на нова американска вселенска сила, но оти првите чекори нема да заостанат зад создавањето на шестата гранка на војската, која оваа година ја најави претседателот Доналд Трамп. Белата куќа не го предвидува создавањето на независната вселенска сила пред 2020 година, рече потпретседателот на САД Мајк Пенс на прес-конференција во Вашингтон на 23 октомври. Пенс е шеф на Националниот вселенски совет, владиното тело кое беше обновено минатата година... Читать дальше...
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека европските членки на Алијансата најверојатно нема да распоредат ново нуклеарно оружје на нивната територија, како одговор на наводното кршење на договорот меѓу Вашингтон и Москва, кој забранува проектили од среден дострел. Зборувајќи четири дена откако американскиот претседател Доналд Трпам објави дека САД се повлекуваат од Договорот за проектили од среден дострел од 1987 година, Столтенберг денеска рече дека НАТО ги проценува безбедносните... Читать дальше...
Во земјава трговијата со луѓе со цел сексуална експлоатација е доминантна форма. Борбата против оваа опасна појава бара мултидисциплиниран пристап на релевантните институции, вели Магдалена Несторовска, национален координатор на Комисијата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, изјави дека им рекол на највисоките претставници во Москва дека руското мешање во изборите во САД имало спротивен ефект и оти тоа треба да биде лекција за Кремљ: „Не се мешајте во американските избори“, рече Болтон. Зборувајќи со рускиот претседател Владимир Путин и другите руски претставници за време на неговата дводневна посета, Болтон рече дека нема докази за наводни операции за влијание на Русија, како што е наведено во американските... Читать дальше...