Министерството за финансии работи на реформи во системот на јавните финансии, кои во нашиот систем ги внесуваат европските стандарди, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во експозето на Предлог завршната сметка за Буџетот за 2017 година на 53-та седница на Собранието. Тевдовски појасни дека Програмата за реформи за 2018-2021 година, изработена со ЕУ, содржи акциски план за реформи на сите важни елементи на системот на јавните финансии, почнувајќи од воведување среднорочно буџетирање, нов систем за јавни набавки... Читать дальше...
Лидерските за референдумското прашање, недоразбирањето меѓу фоторепортерите и владиниот советник за медиуми и наводните индиции за руско финансирање на насилни протести во Македонија, се топ теми во медиумите.
Собраниската Комисија за европски прашања попладнево ја започна седницата на која единствена точка на дневен ред беа измените на Изборниот законик по скратена постапка. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ доставила над 400 амандмани за законот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ процедурално побараа седницата да се прекине, а точката да се тргне од дневниот ред, бидејќи како што посочија, не постојат деловнички услови таа да продолжи. Илија Димовски нагласи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено одреден број... Читать дальше...
Со отворање на изложбата на уметнички дела на публицистот и екологист Свето Стефановски и со настап на музичкото дуо ДИС, овој петок, на 20 јули, во Трпејца ќе започне седмото издание на традиционалната културно-забавна манифестација „На зајдисонце“, чија заложба е да биде промотор на уметноста, природните реткости на овој крај и особено неговите големи туристички потенцијали.
Грчкиот министер за надворешни работи, неговите заменици, американскиот амбасадор во Атина, професори, амбасадори, новинари, во грчкото МНР дискутираат за Договорот од Преспа, но не од политички, туку од правен и академски аспект. МИА од Атина пренесува дека професорите кои учествуваат на конференцијата составена од 4 дела со различни теми, ги разгледуваат практичните, историските, правните, но и економските аспекти на договорот меѓу Македонија и Грција. Почетокот на конференцијата го означи... Читать дальше...
Власта и опозицијата не постигнаа договор на денешната лидерска средба, но најавија нова средба в недела или понеделник. Тие не сакаа да откријат за кои од барањата на ВМРО-ДПМНЕ има напредок, а за што нема приближување во ставовите.
По завршувањето на лидерската средба, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави оти на неа се разговарало за теми кои биле дел од веќе отворените преговори во март-април и оти за некои од нив позицијата и опозицијата успеале да ги приближат ставовите,а за некои од нив тоа не е направено. „Ако веќе се стремиме кон европските принципи треба така и да се однесуваме, а не само декларативно, треба да ги почитуваме Уставот и законите, а не да поставуваме повеќе смислени прашања за граѓаните“... Читать дальше...
Разговорите траеја долго, разговаравме за многу работи, односно за престојниот референдум и формирањето на ДИК, изјави премиерот Зоран Заев по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници во Скопје. „Компромиси за стратешките цели нема, амнестија нема. Ќе продолжиме со разговорите“, рече Заев, и додаде дека нова средба се очекува да имаат в недела вечер или в понеделник. „Ќе дадеме шанса на дијалогот и дебатата се додека тоа е возможно. Очекувам на лидерската средба да се договори имплеметацијата на ДИК. Читать дальше...
По завршувањето на лидерската средба, лидерот на БЕСА Билал Касами изјави дека тие ќе придонесат преговорите да завршат со договор меѓу партиите за да се формира ДИК и да има успешен и добро организран референдум. „Државата е во многу критична состојба и во многу значајна позиција е сериозно да продолжи во процесот на евроинтеграции. Затоа го поздравуваме овој состанок. Интензивните преговори на политичките чинители се многу важни затоа ќе придонесеме активно овој процес на преговори да заврши со договарање меѓу политичките партии. Читать дальше...
По завршувањето на денешната лидерска средба на која претседателите на четирите најголеми партии во Македонија не постигнаа договор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека сите политички партии се заинтересирани да се најде решение за надминување на кризата, но дека има разлики во изнаоѓањето на тоа решение. „Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна имплементација на договорот постигнат со грчката страна. Договор нема, но не се исцрпени сите опции и останува наредните денови да продолжиме... Читать дальше...
Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска донесе три пресуди во однос на четири апликации поднесени против Република Македонија. Како што соопшти Министерството за правда, две од четирите апликации, беа поднесени од Јани Макрадули, и за нив има донесено една пресуда, во која Судот констатира повреда на правото на слободата на изразување. Ваквата пресуда, во корист Јани Макрадули, е во врска со тужбата на поранешниот директор на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков, за јавно изречена клевета. Читать дальше...
Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ денеска најави дека ќе побара итен состанок со ресорните министри на Македонија и БиХ по повод одлуката на Косово за зголемување на царините за 30 отсто за увоз на одредени видови овошје, зеленчук и пченка. Како што изјави Љаиќ, покрај средбата со македонските и босанските колеги на која ќе биде заземен заеднички став и ќе бидат предложени конкретни мерки, ќе побара и итна седница на Комитет на договорот за слободна трговија на земјите од центарлна Европа (ЦЕФТА)... Читать дальше...
Јанез Јанша, чија Словенечка демократска партија победи на парламентарните избори во Словенија во јуни, го информирал словенечкиот претседател Борут Пахор дека не успеал да добие доволно поддршка за формирање влада. Тој вчера повика за формирање потенцијала коалиција на партии од десницата и центарот без три партии кои учествуваат во сегашната техничка влада на Миро Церар. Јанша бараше предност во формирањето на идната коалиција да добијат двете најголеми партии во новиот состав на Парламентот... Читать дальше...
Лидерската средба на Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами продолжи по половина час пауза и без официјални информации за првиот дел од состанокот. Неофицијално, од СДСМ само накратко велат дека разговорите продолжуваат, но дека лидерите се далеку од договор. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, брифирале дека на средбата се уште не дискутирале за референдумот, туку за концептот за финансирање на политичките партии и за Законот за Влада. Оттаму велат дека владеачките партии на средбата дошле неподготвени. Читать дальше...
Се рашири лажна фама дека во Велес се креираа лажни вести за американската политика, што не е точно. Велешките сајтови само ги копираа содржините од американски конзервативни сајтови кои сè уште постојат, вели адвокатот Трајче Арсов, кој беше посочен како човекот кој „ги измисли“ велешките сајтови кои ја потресоа американската политичка и медиумска сцена.
Сојузот на стопански комори (ССК) денеска побара да престане укинувањето на донесените детални урбанистички планови, бидејќи, како што рекоа од Сојузот, тоа ја доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите, а големи финансиски штети, освен нив, трпат и останатите поврзани сектори, граѓаните кои одлучиле да купат стан, како и банките и државата. Според Градежната комора на Македонија, со укинувањето на постојните ДУП-ови, практично се укинува високоградбата. Оттаму велат дека инвеститорите ќе престанат да градат и ќе пропаднат... Читать дальше...
Ако САД се одлучат за царинење на европските возила, како што предлага претседателот Доналд Трамп, ЕУ веќе има готов список на производи кои исто така ќе се оданочат, предупреди денеска еврокомесарка за трговија, Сесилија Малмстром, јави ДПА. „Доколку САД наметне царини врз автомобилите, тоа би било многу несреќно. Заедно со членките на Унијата подготвуваме список на мерки на ребаланс во тој дел“, изјави Малмстром. Еврокомесарката не прецизираше кои производи би биле погодени со контрамерката... Читать дальше...
Владата соопшти дека „ги прифатила и анализирала реакциите по инцидентот со фоторепортерите вчера при лидерската средба во Клубот на пратениците“ и жали што поради спроведувањето на „безбедносните насоки“ фоторепортери биле оневозможени да работат. „Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, одговорно и професионално известување од настаните од посебен интерес за јавноста и граѓаните, претставниците на Владата на вчерашниот настан обезбедија услови... Читать дальше...
Турскиот оџа Аднан Октар, кој имал своја верска секта со 150 следбеници, е уапсен поради обвинение за сексуално малтретирање деца, соопшти турската полиција. Според турските медиуми, Октар основал телевизиски канал преку кој проповедал, честопати придружуван од скудно облечени жени кои ги нарекувал „мачиња“. Според обвинението, освен што сексуално малтретирал деца, Октар се сомничи и за финансиски криминал, измами и малтретирање.
Обвинувањата од здружението „Еко герила“, според синдикатот на „Југохром“ се „тенденциозни и неточни“, и затоа бара да му се овозможи на комбинатот да почне со работа, а паралелно со тоа да продолжи инсталацијата на системот за отпрашување. Според синдикатот, обвинувањата од „Еко герила“ дека „Југохром“ е најголемиот загадувач во Полошкиот регион се неаргументирани и тенденцијата е овој комбинат да не работи. Од Синдикатот денеска на прес-конференција посочија дека нивните анализи направени... Читать дальше...
Во Клубот на пратениците во Скопје почна лидерската средба во скратен состав, за разлика од синоќешната на која присуствуваа претставници на поголем број партии. На денешните разговори се само лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса: Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами. Се очекува и денеска партиските лидери да дискутираат за составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, посебно за формулацијата на референдумското прашање. Лидерска во... Читать дальше...
Собранието денеска, со 76 гласа „за“, без воздржани и без против, ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец рече дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени, туку економски бенефиции. Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија ќе ја поддржи Декларацијата и ќе даде силен придонес... Читать дальше...
Собранието денеска, со 76 гласа „за“, без воздржани и без против, ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец рече дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени, туку економски бенефиции. Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија ќе ја поддржи Декларацијата и ќе даде силен придонес... Читать дальше...
Аналитичарите се согласни дека ЕУ и НАТО треба да бидат споменати во референдумското прашање, затоа што и договорот со Грција е поради зачленувањето во тие структури, но имаат забелешки за можната формулација која ја објави премиерот Зоран Заев.
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп добил обемен извештај од разузнавачките служби за директната улога на рускиот претседател Владимир Путин во мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година, објави весникот „„Њујорк тајмс“. Според весникот, „во извештајот се расветлуваат доследните напори на Трамп да го префрли фокусот од било каква улога на Москва одиграна во неговата победа над демократката Хилари Клинтон, вклучително и изјавите во кои тој прво одбиваше, а потоа го прифати... Читать дальше...