Премиерот Зоран Заев за утре закажа нова лидерска средба во Клубот на пратеници во 12 часот. Ова е еилогот од повеќе часовната средба на лидерите на политичките партии која претходно по час и половина ја напушти лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски Заев го осуди демонстративното заминување на Мицкоски, кој ја напушти лидерската средбата со образложение дека не му бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни. Тој побара на средбата да присуствуваат лидерите... Читать дальше...
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба во Клубот на пратениците по еден час од нејзиното започнување. Тој изјави дека му пренел на премиерот Зоран Заев дека смета оти е потребна нова лидерска средба која би се одржала најдоцна до понеделник и на која би учествувале лидерите на двете најголеми македонски политички партии и на двете најголеми албански партии. Мицкоски смета дека нема потреба да се разговара на лидерската средба во проширен сосотав како денеска . Истакна... Читать дальше...
Десет композиции, осум песни и две ора, се забележани на заедничкиот албум „Кон Исток - Од македонското поднебје“ на виртуозната изведувачка на народни инструменти Бајса Арифовска и пејачот Душко Георгиевски. Ова остварување, патем промовирано на актуелното „Скопско лето“, на инспиративен начин се бави со спецификите на источномакедонскиот музички дијалект.
Амбасадорите на Европската унија одлучија да додадат шест руски субјекти на листата за замрзнување на имот и забраната за визи, поради вклученост во неодамнешното изгрдување на мостот Керч, што ги поврзува копнените делови на јужна Русија со полуостровот Крим. Според ЕУ, изградбата на мостот придонесува за дестабилизација на територијалниот интегритет на Украина. Официјалните претставници на ЕУ кои сакаат да останата анононимни за Радио Слободна Европа велат дека се очекува формална одлука... Читать дальше...
Со пари од Европска унија, Светска банка и странски фондации и донатори општините реновираат патишта, отвораат депонии, ја подобруваат унфраструктурата.
Во интервју за Фок Њуз телевизијата снимено во Хелсинки и емитувано вчера во САД, Трамп беше запрашан за член 5 на НАТО, во кој се вели дека нападот врз една членка на сојузот е напад врз сите членови. На прашање на модераторот на американската телевизјата „Зошто мојот син да оди во Црна Гора да ја брани од напад? Зошто е тоа така?“ Трамп одговори „Разбирам што ми кажувате. И јас се прашувам истото“ Трамп во интервјуто вели дека Црна Гора е „мала земја со многу силен народ...“ Потоа тој... Читать дальше...
Во Клубот на пратеници започна лидерската средба за подготовка на референдумот. Во Клубот на пратеници дојдоа премиерот Зоран Заев со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Бујар османи, Мендух Тачи, Африм Гаши, Билал Касами, Лиле Поповска од ДОМ, Горан Милевски ЛДП и Љупчо Димовски од партијата на Љубисав Иванов Ѕинго. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрситијан Мицкоски пристигна со професорката Тања Каракамишева. За прв пат на лидерската средба се присутни и лидерите на помалите партии.
Европската комисија потврди денеска дека Косово ги исполнило и последните две барања за укинување на визите за Европската унија. Еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос го повика Европскиот парламент и Советот на ЕУ да донесат одлука за укинување на европските визи за косовските граѓани. Според него, ќе биде неопходно пред укинувањето на визите граѓаните на Косово добро да бидат запознати со правата и обврските за безвизно патување во ЕУ. На заедничка прес конференција Аврамопулос и претседателот на Косово... Читать дальше...
Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека протерувањето двајца руски дипломати од Грција ќе предизвика последици. Атина во минатата недела соошти дека протерала двајца руски дипломати и им забранила на други двајца влез во државата обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи со поттикнување демонстрации против договорот за името меѓу Атина и Скопје. Дипломатите беа обвинети и дека се обиделе да поткупат грчки официјални претставници
Европската Комисија и Македонија денеска во Брисел ја парафираа спогодбата за соработка на граничните полиции, позната како Фронтекс 2, по повеќемесечни преговори. Откако ќе стапи на сила овој договор, европските граничари ќе имаат поголеми овластувања и ќе можат да интервенираат на граничните премини, заедно со националните безбедносни сили. Фронтекс 2 има за цел да ги зајакне надворешните граници на ЕУ и да се бори против илегалната миграција, јави дописничката на МИА во Брисел. - Откако договорот ќе стапи на сила... Читать дальше...
Денеска, во мултимедијалниот центар во Штип, беше отворена спомен соба на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија. На свеченоста присуствуваа бројни гости, а премиерот пред присутните истакна дека " Глигоров е несомнено еден од великаните на современата историја на Македонија и на вековниот стремеж на македонските граѓани за самостојност." Тој забележа дека Глигоров со учеството во НОБ и АСНОМ и двата претседателски мандата речиси половина век беше на врвот на македонската политика. Читать дальше...
По речиси еден час расправа, Собранието попладнево го усвои дневниот ред на 53. седница на чиј дневен ред се и измените на Изборниот законик за избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК) по скратена постапка, но спикерот Талат Џафери, по само неколку поминати точки, ја презакажа за утре. Причината за одложувањето на седницата, како што рече, е претстојната лидерска средба закажана за денеска во 18 часот. Собраниската седница за изборниот законик за ДИК требаше да продолжи денеска, откако вчера не можеше да се изгласа дневниот ред... Читать дальше...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска излезе со став дека договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не се потпира на широк консензус. Таа на својот Твитер налог објави дека договорот наместо да предизвика обединување, предизвикува раскол во двете земји. " Решението за името треба да се потпира на широк општествен консензус и беспрекорна уставна основа. Преспанската спогодба не е таков случај. Таа само предизвика дополнителен раскол и во Грција и во Република Македонија"... Читать дальше...
Министерствата за земјоделство и за економија, како и Царинската управа од македонска страна, работат на анализи на ефектите од времената мерка што ја воведе Косово и многу брзо ќе излезат со реакција за што ќе бидат известени и членките на ЦЕФТА. Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, Одлуката на Косово за воспоставување зголемена царина од 30 отсто за овошје и зеленчук не е во согласност со заедничките цели дефинирани преку Берлинскиот процес: брз проток на стока и отстранување на царинските бариери. Читать дальше...
"Сметам дека сите политички сили треба да изнајдат енергија за да ги доближиме ставовите и да имаме успех во реализаиција на целите кои се јавно познати, а тоа е реализација на договорот со Грција за да го отвориме патот кон исполнување на стандардите и приемот на Македонија во НАТО, како и отпочнување на преговори за членство во ЕУ", изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети по прославата што ја организираше за добиената покана за членство во НАТО. Ахмети ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање... Читать дальше...
Референдумот ќе помине успешно дека граѓаните ќе го одобрат Договорот постигнат со Грција, а ако има ако има еден глас повеќе против ние сме апсолутно спремни да подадеме рака и да кажеме дека ова не е вистинскиот пат, вели македонскиот министер за надворшни работи Никола Димитров, во интервју за „Ал Џезира“. Тој вели дека конечно на македонските граѓани имаат избор каква држава ќе биде Македонија. „Пред големи историски дилеми граѓаните знаеле да го изберат правиот пат. Пред нас е избор меѓу минатото и иднината, стравот и надежта. Читать дальше...
Компанијата „Гугл“ ќе треба да плати 4,3, милијарди евра казна за прекршување на правилата за конкуренција на ЕУ, потврди Европската комисија. „Гугл“ има 90 дена да ги смени своите практики или во спротивно ќе плати дополнителни казни, потврди попладнево еврокомесарката за конкуренција Маргрет Вестагер. Ова е втора казна од ЕК за американската компанија за прекршување на европските правила.
Скопскиот Апелациски суд Скопје денеска ја потврди условната казна за новинарката Ивона Талевска во врска со предметот „Тифани“. „Апелацискиот суд Скопје во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“ по одржана јавна седница донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, жалбата на обвинетата И. Т. од С. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С. Читать дальше...
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, наесен ќе потпишат десетина стратешки договори кои до сега не биле потпишани меѓу двете земји, првенствено поради проблемот со името. Премиерот Заев денеска го најави потпишувањето на тие договори и информираше дека на последните средби со Ципрас во Брисел и во Лондон имале важни разговори, меѓу кои и за бројните билатерално договори што треба да ги имаат двете соседни земји. „Разговараме некаде наесен да ги подготвиме договорите... Читать дальше...
Грчкиот Уставен суд го отфрлил барањето на грчката „Федерација на културните здруженија на Македонците” и „Пан-Македонските асоцијации на Македонците од дијаспората”, за суспендирање на Договорот од Преспа, објавија грчките медиуми. Барањето на истите организации за поништување на Договорот за името, како што соопштил Судот, ќе се разгледува на почетокот на декември. Според судиите, во случај Договорот да не стапи во сила, во целина или секоја од одредбите посебно, тогаш нема да обврзува никоја од страните на кој било начин. Читать дальше...
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска предупреди дека Унгарија ќе се откаже од Договорот со ОН за мигрантите, пред неговото конечно усвојување, бидејќи, како што рече, тој договор е закана за светот, јави новинаската агенција Ројтерс. „Овој документ е целосно против безбедносните интереси на Унгарија“, изјави Сијарто. Договорот треба да биде усвоен во декември во Мароко, но Сијарто најави дека Унгарија нема да учествува на тој состанок и дека ќе се спротивстави и ако дојде до... Читать дальше...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска организираше прием по повод поканата за Македонија за влез во НАТО, од каде испрати и видео порака. „Доаѓам од народот, од тие што преврзуваа рани, од тие што вадеа куршуми од телото. НАТО е еден од најважните столбови за имплементирање и спроведување на Рамковниот договор. Алијаната е гаранција за стабилност во регионот“, изјави Ахмети во видео пораката од примеот. На приемот беа присутни сите високи функционери и пратеници од ДУИ, верски поглавари, бизнисмени и амбасадори и дипломати од повеќе земји... Читать дальше...
Македонските земјоделци стравуваат дека зголемувањето на царините за нашите земјоделски производи, негативно ќе се одрази на нивната заработувачка. Македонската влада допрва ќе анализира како ќе одговори на мерката. Од Косово уверуваат дека одлуката не е против Македонија
Македонските земјоделци стравуваат дека зголемувањето на царините за нашите земјоделски производи, негативно ќе се одрази на нивната заработувачка. Македонската влада допрва ќе анализира како ќе одговори на мерката. Од Косово уверуваат дека одлуката не е против Македонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сака да зборува за војни, коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај „дека во случај на поделба на територијата на Косово ќе дојде до нова војна“, објавија српските медиуми. „Јас не сакам да зборувам за војна. Не сакам кога лидерите на други народи зборуваат за војна. Ние не сакаме војна и ќе дадеме сѐ од себе за нашите народ и земја да ги зачуваме од какви било конфликти“, рече Вучиќ.