Премиерот Зоран Заев вечерва во емисијата "Само вистина" на телевизијата Канал 5 изјави дека во прислушуваните разговори поранешниот премиер Никола Груевски прифатил Горна и Северна Македонија за севкупна употреба. "Кога судот би ги објавил разговорите за името, ова не е прв пат да биде прифатено име со географска одредница, ерга омнес. Никола Груевски прифати Северна и Горна Македонија во 2012 и 2013 година, без да биде дефиниран идентитетот, односно без Грција да го прифати идентитетот и јазикот, тоа било оставено да лебди. Читать дальше...
До крајот на годинава треба да заврши студијата за валоризација на природните вредности како дел од прогласување на Шар Планина за национален парк.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вечерва треба да се обрати во Советот за човекови права на ОН. Неговиот говор се очекува да биде проследен со внимание, поради извештаите кои зборуваат дека Вашингтон се подготвува да се повлече од агенцијата на ОН. Извештаите велат дека во презентацијата Помпео ќе биде придружуван од американската амбасадорка во ОН Ники Хејли. Блумберг и Ројтерс објавија денеска дека Помпео се очекува да го објави повлекувањето на САД од советот со седиште во Женева.... Читать дальше...
Рускиот министер за економија рече дека Москва ќе одговори со против мерки по воведените царини за челикот и алуминиумот од страна на САД. Во соопштението министерот за економски развој, Максим Орешкин, рече дека дополнителните царини ќе засегнат голем број увозници на САД во Русија. "Русија ги користи своите права во Светската трговска организација и воведува мерки за урамнотежување на увозот од САД", изјавува Орешкин. Тој не прецизираше за кои производи се работи , но рече дека со тоа ќе се избегнат загубите во руската економија. Читать дальше...
Европскиот комесар задолжен за миграција, Димитрис Аврамопулос, изјави дека на состанокот не се разгледувала идеајата за отворање на бегалски кампови во земјите од регионот. Тој ова го кажа на состанокот на министрите за внатрешни работи од Западен Балкан на кој се разговараше за контрола на границите, миграцијата и тероризмот. По состанокот на министрите за внатрешни работи од земјите на Западниот Балкан со нивните бугарски и австрики колеги, како и еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос... Читать дальше...
Комисијата за европски прашања го усвои Предлог законот за ратификација на договорот со Грција. Министерот за надворешни работи Никола Димитров еден час зборуваше за процесот за решавање на спорот со името образложувајќи го постигнатиот договор со Грција член по член пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања. Димитров кажа дека овие денови се историски за Македонија. Текстот на договорот за него како што кажа е одговорност и патриотизам. Скратената постапка на Предлог законот... Читать дальше...
Демонстранти, меѓу кои има рудари за јаглен, работници кои чистат во Чернобил и поранешни советските војници од војната во Авганистан, се судрија со полицијата пред украинскиот парламент. Над 2.000 демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во зградата на парламентот за време на демонстрациите. По ова полицијата употреби солзавец, но протестот продолжи. Меѓу демонстрантите има и Украинци кои се бореа во војната со про- руските сепаратисти во источниот дел на земјата. Читать дальше...
Повикувајќи се на аболицијата што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, адвокатот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара судот да ја запре постапката против него во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. „Предлагам судот да донесе решение за запирање на постапката кон обвинетиот Сашо Мијалков“, рече адвокатот Љупчо Шврговски и додаде дека одлука на Иванов не може да биде суспендирана со Законот за измените и дополнувањата на Законот за помилувањето. На Мијалков му се суди за предметот „Таргет-Тврдина“. Читать дальше...
Косовската полиција попладнево соопшти дека во Приштина не киднапирана новинарка на Албанската радио-телевизија, туку друга девојка и дека првичните информации објавени во медиумите биле резултат на забуна од страна на самата полиција, јави МИА од Приштина. Портпаролката на Косовската полиција за приштинскиот регион, Фљора Ахмети, во изјава за медиумите рече дека погрешната информација се појавила поради тоа што автомобилот на новинарката бил во близина на автомобилот на друга девојка, за која постојат сомнежи дека е киднапирана.
Јуриј Ушаков, советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, денеска соопшти дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испратил писмо до рускиот претседател во кое вели дека сака да ги одржи контактите со Русија на високо ниво. Ушаков информираше и дека сè уште не е постигнат договор за евентуалната посета на севернокорејскиот лидер во Москва. Кремљ му испрати покана на лидерот на Северна Кореја да ја посети Русија и дека тоа би можело да се случи за време на економскиот форум во Владивосток во септември... Читать дальше...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните кои по протестот пред Собранието побараа средба со него и побараа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки и да им се придружат на демонстрантите пред Парламентот. Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, по средбата, за МИА изјавил дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им... Читать дальше...
Новинарка на Албанската радио-телевизија (ТВШ) можно е да е киднапирана денеска во Приштина, информираат косовските медиуми пренесувајќи извештај на косовската полиција. Според МИА од Приштина, сомнежите дека се работи за новинарка од Албанија произлегуваат од интерен полициски извештај, до кој дошол порталот „insajderi.com“, а во кој се наведува дека е киднапирано едно лице, во чиј автомобил е пронајдена лична исправа на новинарка на ТВШ. „Тројца сведоци од албанска националност пријавија дека... Читать дальше...
Тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании се очекува да биде распишан до крајот на месецов, а заложбата на Владата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охрид, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. „Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром“, рече Сугарески, не откривајќи повеќе детали околу критериумите во тендерот. ... Читать дальше...
Тројца од шестмината кои синоќа беа повредени во оружениот инцидент во Малме им подлегнале на повредите, пренесоа западните информативни агенции. Другите тројца се хоспитализирани, а еден од нив се наоѓа во критична состојба. Според сведоците на кои се повикуваат агенциите, непознат напаѓач отворил оган врз луѓето кои излегувале од интернет-кафе. Полицијата соопшти дека се испукани десетина куршуми и дека се трага по црно возило.
Собранието утре ќе го ратификува договорот со Грција, објави МИА, повикувајќи се на потврдата што ја добиле од пратеници од владејачкото мнозинство. Предлог-законот за ратификација на договорот, денеска во 15 часот треба да биде разгледан во Комисијата за европски прашања, а петнаесет минути подоцна треба да биде одржана седница и на Законодавно-правната комисија. Пратениците денеска со 69 гласа „за“ и 40 „против“ ја изгласаа потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на договорот за името со Грција. Читать дальше...
Со 69 гласа „за“ и 40 „против“ пратениците ја изгласаа потребата за донесување на закон за ратификација на договорот за името. Попладнево заседаваат комисијата за европски прашања и законодавно правната комисија. ВМРО-ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието.
Американскиот стејт департмент соопшти дека Соединетите држави се сериозно загрижени пореди „зголемувањето на бројот на лица кои властите во Русија ги осудија на затворски казни поради изразување на политички или религиозни ставови“. „Посебно сме загрижени за здравјето на четворицата Украинци неправедно осудени на казни затвор, кои моментно штрајкуваат со глад“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт, посочувајќи ги случаите на режисерот Олег Сенцов, на Станислав Кљух, Олександар... Читать дальше...
Неколкумина претставници на граѓаните, кои протестираа против договорот со Грција за името отидоа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и побараа средба со партискиот лидер, Христијан Мицкоски. Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев за МИА рече дека ќе побараат во разговорот со Мицкоски пратениците да дадат оставка и да излезат пред Собранието да ги поддржат граѓаните во протестите против договорот за името. Поголемата група од Здружението се врати пред Собранието каде што ќе продолжат со протести.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека добил покана за продолжување на дијалогот со Приштина и оти во недела ќе се сретне со Хашим Тачи. „Добив официјална покана и делегација на Србија секако ќе оди. Од петок ќе биде присутна во Брисел на состаноци, а во недела ќе се сретнам со Хашим Тачи“, изјави Вучиќ и прецизираше дека Србија нема никакви предуслови.
Пред Собранието на Македонија протести а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Собранието на која требаше да се расправа за ратификација на Договорот со Грција.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, откако тој и неговите колеги од пратеничката група ја напуштија собраниската седница за ратификација на Договорот со Грција, изјави дека тој договор не е компромис туку уцена. „Овој договор не е компромис туку уцена која некој морал да ја потпише или поради претходни дејствија или за идна награда“, рече Милошоски. Тој додаде дека „биле прекршени сите процедури и било злоупотребено европското знаменце, а договорот со грција е неуставен и национално понижувачки“. Читать дальше...
По тензичните протести поради потпишувањето на договорот за името, социјалните мрежи и медиуми беа преплавени со говор на омраза и лажни вести, што според упатените провоцира насилство и практикување на истото на улиците.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Собранието на која требаше да се расправа за ратификација на Договорот со Грција. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пред пратениците образложи зошто Договорот со Грција треба да биде донесен по скратена постапка, по што со 69 гласа „за“ и со 40 гласа „против“ Парламентот донесе одлука Предлог законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција, да се донесе по скратена постапка. Пратениците од опозицијата за време... Читать дальше...
Собранието започна 51. седницата на која на дневен ред е Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, по скратена постапка. На седница присуствуваат пратениците и од владејачкото мнозинство ии од опозицијата. Очекувањата се дека ратификацијата на договорот во Собранието ќе се случи до крајот на неделата. Пратениците на денешната седница ќе се изјаснат за потребата за донесување на законот за ратификација на договорот. Имајќи предвид дека законот е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка... Читать дальше...
Пратениците пристигнаа во Собранието каде за 11 часот е закажана 51. седница со единствена точка на дневен ред Предлог-закон за ратификација на Договорот со Грција за името. СДСМ уште вчера ги завршил координациите, а последните договори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се во тек. Пратеници од оваа партија наведуваат дека тие ќе присуствуваат на седницата, но дека ќе бараат Предлог-законот за ратификација на Договорот да биде разгледуван на Комисијата за надворешни работи, а не како што е сега предвидено на Комисијата за европски прашања. Читать дальше...