Со отворање на фотоизложбата „CORPUS QUEER: тела на отпор 1980-2018“ на светски реномираниот фотограф Дел Лагреј Волкено, овој четврток на 7 јуни, во 21 часот, во Музејот на современа уметност, официјално ќе започне шестото издание на Викенд на гордоста Скопје 2018, манифестацијата што како организатори ја потпишуваат Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на Македонија и која овојпат ќе се одвива под носечката идеја НАСТРАНО.ПОЛИТИЧКО.
Говорејќи пред новинарите во Белата Куќа каде го прими јапонскиот премиер Шинзо Абе, Трамп изјави дека самитот е подготвен, но дека темата може да се промени. Абе истакна дека се надева оти самитот ќе донесе големи промени во североисточна Азија. Американскиот претседател повтори дека Пјонгјанг мора да се откаже од нуклеарното оружје или САД пак би можеле да воведат нови санкии ако биде потребно. „Тие мораат да се денуклеаризираат или санкциите ќе бидат построги“, изјави американскиот претседател... Читать дальше...
Четириесетина вредни икони стари по неколку века беа украдени во 2013 година од црквата „Свето Преображение“ во битолското село Гопеш. Во изминатите години од црквите во југозападна Македонија се украдени околу 500 вредни икони.
Израел би можел да се откаже од организирање на натпреварот за песна на Евровизија, доколку не биде дозволено тој да се одржи во Ерусалим, изјави израелската министерка за култура и спорт Мири Регев. Таа изјави дека дека ќе предложи Евросонг да не се одржи во Израел ако не биде дозволено тоа да биде во Ерусалим, зошто како што образложи би било погрешно да се потрошат 14 милиони долари доколку не постои можност израелската престолнина да се покаже пред цел свет и да ја претставува на вистинскиот начин својата држава. Читать дальше...
Вкупно 1.509 лица, вклучувајќи и поранешни војници, се осудени на доживотен затвор за 171 случај, поврзани со обидот за државен удар во Турција во 2016 година, соопшти денеска турскиот министер за правда Абдулахит Ѓул. Тој прецизираше дека 631 лице се осудени на затворска казна во траење од 14 месеци до 20 години. Во моментов се водат 116 случаи поврзани со обидот за државен удар. Ѓул рече дека 34.000 луѓе во моментов се наоѓаат зад решетки, под сомнение за врски со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен... Читать дальше...
Очекувањата за телефонски разговор за спорто за името меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и протестите за „зачувување на грчкиот карактер на Македонија“, се главни теми во дневните весници.
Соединетите Држави испратија итна помош, вклучувајќи и финансиски ресурси, за да помогнат во задоволувањето на потребите за храна и вода за жртвите погодени од ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала. Белата куќа соопшти дека администрацијата на Доналд Трамп, ќе испрати авион за да им помогне на изгорените лица побрзо да пристигнат во Флорида за лекување. Портпаролката Сара Сандерс вели дека помошта се обезбедува на барање на владата на Гватемала. Сандерс изрази "најдлабоко сочувство" за жртвите... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се реши многу брзо. На новинарско прашање кога ќе се реализира очекуваниот телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Заев одговори дека ѕвонењето на телефонот можеби ќе биде од македонска страна, но точното време или датум не се знае. “Можеби ние ќе ѕвониме спрема Атина, и се надевам дека тоа ќе биде многу брзо. Јас не би давал нови коментари освен заедничкото соопштение што беше пуштено преку Министерството за надворешни работи. Читать дальше...
Економијата се опоравува од пустошот и штетите што ги предизвика криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, раст има во сите сектори освен во нискоградбата, одговорија од СДСМ на денешните обвинувања на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ја обвини власта за катастрофално водење на економијата. "Преземените мерки од Владата ги санираат штетите и ја поставуваат економијата на здрави и реални основи. Нема веќе провизии и проценти за криминални, измислени и нереални проекти.Податоците од Државниот завод за статистика го покажуваат токму тоа.
Преку соопштение до домашната и меѓународната јавност, македонското министерството за надворешни работи информира дека се работи на постигнување договор за името, но дека „за вака значајни прашања не треба да се брза“. “Во текот на разговорите беше покажана добра волја и беше постигнат добар резултат. Во овој момент, како и во секој процес од ваква природа, потребно е таа добра волја да се преточи од страна на работните групи во текст на договор, што на најсоодветен начин ќе ги отслика суштинските... Читать дальше...
Директорот на белградската Универзитетска детска клиника, докторот Зоран Радојичиќ, кој беше прв на избората листа на Српската напредна партија (СНС) на изборите за членови на градското Собрание на Белград, денеска е избран е за нов градоначалник на главниот град на Србија. На седница на градското Собрание, за изборот на Радојичиќ гласаа 67 од вкупно 110-те одборници. За заменик градоначалник е избран досегашниот градски менаџер Горан Весиќ. Новиот белградски градоначалник, во експозето истакна... Читать дальше...
Турција го раскина договорот за реадмисија со Грција, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува весникот „Хуриет“. Информацијата доаѓа неколку дена откако Атина ослободи четворица турски војници кои избегаа во Грција по обидот за државен удар во 2016 година. Чавушоглу оцени дека таа одлука е „неприфатлива". Во понеделникот, четворица војници беа ослободени по истекот на налогот за апсење. Одлуката за нивните барања за азил се уште не е донесена.
Европската Унија обезбеди 1, 5 милиони евра за хуманитарна помош на бегалците и мигрантите во Босна и Херцеговина, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина. Со ова вредноста на вкупната помош на ЕУ за Западен Балкан достигна 30 милиони евра од почетокот на мигратската криза. Бројот на бегалци и мигранти кои пристигнуваат во Босна и Херцеговина се зголеми и мора да дејствуваме брзо. Сакаме да и помогнеме на Босна и Херцеговина да се избори со оваа ситуација и да им помогне на најранливите бегалци и мигранти... Читать дальше...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новото видео обраќање истакна дека Македонија е на дното во Европа по растот на БДП. „Денес Државниот завод за статистика повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ. Имено според официјалните податоци, БДП во првиот квартал од 2018 година забележал раст од минимални 0,1%. Убедливо сме на дното. Притоа, од приходна страна, пад од цели 37% забележува градежниот сектор, што всушност и ја отсликува НЕ работата на Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев. Читать дальше...
Вицепремерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска во Брисел изјави дека е важно да се задржи довербата меѓу Скопје и Атина. „Лично сум оптимист. Последните метри од секоја трка се најтешки. Тука се разликуваат лидерите од другите. Треба да се издржи овој последен период од маратoнот и да заврши позитивно. Тоа ќе ја одблокира целата држава,“ вели Османи одговарајќи на прашањето што и порачал на високата претсавничка на ЕУ Федерика Могерини за време на денешната средба во Брисел. Османи ја информирал за развојот на преговорите... Читать дальше...
Протестите ги покажаа желбата и патриотизмот на Грците, вели Мадалена Пападопулу, портпаролката на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада. Пападопулу, коментирајќи ги вчерашните собири низ цела Грција, но и најавите за нов протест во Атина, рече дека доколку навистина се одржи, таа лично ќе присуствува, како што учествувала и на минатиот во грчката престолнина. “Протестите можат да помогнат во еден преговарачки процес. Протестите навистина го покажаа патриотизмот на Грците... Читать дальше...
Францускиот претседател Емануел Макрон телефонските разговори со американскиот претседател Доналд Трамп ги спореди со колбаси, искористувајќи го примерот на прускиот државник Ото фон Бизмарк, кој за разговорите со неговите тогашни соговорници велел дека се како колбасите и подобро е да не знаете што има внатре оти никогаш нема да ги јадете, објавија западните медиуми. Ова објаснување Макрон го даде на новинарско прашање „да образложи што мислел кога минатата недела рекол дека разговорот со Трамп бил „грозен“. Читать дальше...
Предлог закон за отпишување на камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште до Собранието поднеле пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, партијата ГРОМ и партии од парламентарното мнозинство. „Се работи за нов закон со кој што основната цел е отпишувањето на каматите на граѓаните кои се во неповолна... Читать дальше...
Двајца полициски службеници биле убиени, а неколкумина биле повредени во терористичкиот напад во северната област Дир во Пакистан, соопшти полицијата, а пренесоа западните новински агенции. „Терористичка група нишанеше кон полициско возило со импровизирана екплозивна направа. Во експлозијата беа убиени полицаецот од локалната станица, Бакт Мунаир, и неговиот возач, а двајца други полицајци беа повреден“, изјави полицискиот службеник Гул Хабиб за агенцијата „Анадолија“. Одговорноста за нападот... Читать дальше...
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој сега работи како советник на украинскиот претседател Петро Порошенко, изјави дека во случај на воен судир меѓу Русија и Украина, украинските сили би биле поразени за неколку дена. „Ако Русија сака, нејзините сили би можеле да ја окупираат Украина за неколку дена, иако изминативе две-три години Украина значително го зајакна својот воен потенцијал како одговор на нападот на нејзината територија“, изјави Расмусен во инетрвју за германскиот весник „Велт“.
Американскиот амбасадор во македонија Џес Бејли изјави дека САД веќе долго време им даваат поддршка на Република Грција и Република Македонија во однос на решавање на спорот со името и дека решавањето на долгогодишниот проблем ќе донесе добро не само за Македонија и за грција, туку и за целиот регион. „Продолжуват преговорите меѓу двете земји со помош на ОН. Со оглед на специфичноста јас ќе им оставам на двете земји да изнајдат заедничко прифатливо решение, кое граѓаните го чекаат долго време“... Читать дальше...
Министерството за здравство почна да спроведува мерки за превенција на малигни заболувања на годишно ниво, со поддршка на Центарот за истражување во рамки на Европската комисија. На крајот на летото се очекува експертска мисија, а веќе се почнати и подготовките за воведување регистар за малигни заболувања, за населението и во болнички услови. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинрско прашање, по отворањето на стручниот симпозиум на тема „Вродени аномалии - предизвици... Читать дальше...
Се уште нема најава за разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Според дел аналитичари, делумно одложувањето е поради протестите во двете земји, но и поради засилувањето на грчките барања за отстапки.
Официјална Канбера го повика основачот и извршен директо Марк Закерберг да даде објаснување во врска со најновиот скандал со дотавување на лични информации за корисниците на најголемата социјална мрежа на најмалку четири кинески компании. „Постои голема загриженост дали Фејсбук го почитува неприкосновеното право на приватност. Ќе барам Фејсбук да биде сослушан од нашите парламентарни комисии“, изјави австралискиот премиер Малколм Турнбул, додавјќи дека би бил среќен ако на тие сослушувања се појави и самиот Закерберг. Читать дальше...
Официјална Канбера го повика основачот и извршен директо Марк Закерберг да даде објаснување во врска со најновиот скандал со дотавување на лични информации за корисниците на најголемата социјална мрежа на најмалку четири кинески компании. „Постои голема загриженост дали Фејсбук го почитува неприкосновеното право на приватност. Ќе барам Фејсбук да биде сослушан од нашите парламентарни комисии“, изјави австралискиот премиер Малколм Турнбул, додавјќи дека би бил среќен ако на тие сослушувања се појави и самиот Закерберг. Читать дальше...