Денот на хуманитарноста во светот беше одреден во спомен на бомбашкиот напад на 19 август 2003 година врз хотелот Канал во Багдад, Ирак, при што загинаа 22 лица, вклучувајќи го и главниот хуманитарец во Ирак, Серхио Виеира де Мело. Во 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го официјализираше денот како Светски ден на хуманитарноста. Секоја година, овој ден е повод за да се фокусира јавноста врз одредена на тема, собирајќи ги партнерите од целиот хуманитарен систем да се залагаат за опстанок, благосостојба и достоинство на луѓето погодени од кризи и за безбедност и сигурност на хуманитарните работници.
Извештајот на ОН за климатските промени- црвен сигнал за човештвото
Годинава, светскиот ден е посветен на непосредните човечки жртви од климатската криза со притисок врз светските лидери да преземат значајни климатски активности за најранливите луѓе во светот. „Времето веќе истекува за најранливите луѓе во светот - оние кои досега најмалку придонесоа за глобалната итна климатска состојба се најтешко погодени - и милиони други кои веќе ги губат своите домови, егзистенција и живот“, се наведува во прогласот по повод денешниот ден на хуманитарноста.