Соединетите држави ги повикуваат светските лидери да дадат видео-изјави наместо да патуваат во Њујорк следниот месец на Генералното собрание на ОН и со тоа да помогнат да се ширењето на делта варијантата на коронавирусот. Белешката од американската мисија испратена до 192 други членки на ОН, исто така, повикува и сите други состаноци и настани организирани од ОН да бидат виртуелни. „Шефовите на делегациите треба да размислат да ги достават своите изјави до Генералната расправа на Генералното собрание на ОН преку видео. Ако делегациите изберат да патуваат во Њујорк бараме делегациите да имаат минимален број членови“, наведува во писмото американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд.
75-та сесија на Генералното собрание на ООН
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, планира настани на високо ниво за време на еднонеделниот собир за климатските промени, енергијата, системите за храна и 20-годишнината од Светската конференција на ОН против расизмот. На минатогодишниот собир, лидерите испратија однапред снимени видеа.