Нов Зеланд ја одобри употреба на Фајзер/Бионтек за деца и адолесценти, додека земјата се бори да ја спречи инфекцијата со коронавирус, објави новозеландската премиерка Џасинда Ардерн.
Нов Зеланд е во карантин откако по шест месеци беше идентификувано лице заразено со ковид 19. Кластерот Оукленд сега има 21 случај на инфекција, од кои 11 нови случаи се регистрирани во четвртокот.
Ардерн објави дека децата на возраст од 12 до 15 години ќе можат да ја примат вакцината на Фајзер/Бионтек, пренесува АП.
„Безбедно е и добро е да се направи тоа“, изјави премиерката Ардерн.
Претходно, вакцината беше одобрена за луѓе на возраст од 16 години и постари. Обезбедени се две дози во интервал од шест недели.
Нов Зеланд под карантин поради единствен сомнителен случај на делта
Ардерн рече дека здравствените власти сега се прилично сигурни за тоа како вирусот влегол во земјата. Се смета дека вирусот го донел патник кој пристигна на 7 август од Сиднеј, Австралија.
Со население од пет милиони луѓе Нов Зеланд ќе остане карантин барем до сабота. Земјата досега имала околу 2580 случаи на ковид 19 и 26 смртни случаи.