Состојбата со пандемијата на ковид-19 е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира, напиша министерот за здравство Венко Филипе на официјалниот Фејсбук профил.
Тој денеска имаше редовен состанок со директорите на клиниките и ковид центрите на кој било направено евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот до денес.
Kовид-пасоши во најава, интересот за вакцинација расте
Изминатата недела има пад на бројот на новозаразени со ковид-19 и на хоспитализирани.