Русија денеска објави дека отвора истрага против Гугл и неговата видео-платформа Јутјуб за злоупотреба на доминантна позиција, во најновиот спор меѓу руските власти и дигиталните гиганти. Федералната антимонополска агенција (ФАС) соопшти дека ја отворила истрагата бидејќи регулативите за отворање, прекинување или бришење на сметки на Јутуб и барањата на корисниците се „нетранспарентни, пристрасни и непредвидливи“, што може да им наштети на интересите на корисниците и да ја ограничи конкуренцијата. Читать дальше...
Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставниците на двете најголеми верски заедници во земјава, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи. Филипче на Фејсбук објави дека со верските лидери се согласиле дека сите чинители треба активно да придонесат во битката против пандемијата на Ковид-19, при што договориле интензивна комуникација во следниот период. Читать дальше...
Еден Албанец денеска со нож нападна и рани пет лица во џамија во Тирана. Полицијата соопшти дека 34-годишниот Рудолф Николи околу 14:30 часот по локално време влегол во џамијата Дина Хоџа во центарот на Тирана и со нож ранил пет лица, пренесува АП. Полицијата додаде дека веднаш реагирале и го уапсиле напаѓачот. Меѓутоа, приватната телевизија „Tom Channel“ покажа снимки како цивили го блокираат Николи пред да пристигне полицијата. Петте ранети лица се мажи на возраст од 22 до 35 години. Тие... Читать дальше...
Европската унија воведе санкции за припадниците на воената хунта во Мјанмар кои ја презедоа власта во земјата по воениот удар извршен на 1 февруари. Во соопштението се наведува дека девет члена на Државниот административен совет на Мјанмар, кој беше формиран еден ден по државниот удар, се цел на санкции со забрани за патување и замрзнување на средства. Санкции беа воведени и врз министерот за информации Ју Чит Наинг. Во Службениот весник ЕУ посочува дека Државниот административен совет на Мјанмар... Читать дальше...
Комисијата за заразни болести предлага Владата на наредната седница да донесе одлука за продолжување на постојните рестриктивни мерки до 27 април, но доколку биде потврден трендот на опаѓање на бројките на заразени и хоспитализирани од Ковид-19, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите во перидот од 27 април до 15 мај оваа година, соопшти денеска Владата. Инаку, Владата утре на седница ќе ја разгледа денеска донесената препорака од Комисијата за заразни болести... Читать дальше...
Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 135 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 841 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 147.229. Починати се 35 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 4.478 лица. Во моментов во земјава има 19.041 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство. Препорака рестриктивните... Читать дальше...
Експериментален минијатурен хеликоптер робот на НАСА денеска се подигна од површината на Марс, постигнувајќи го првиот контролиран лет на друга планета, соопшти американската вселенска агенција. „Сега можеме да кажеме дека човекот изврши лет со хеликоптер на друга планета“, изјави менаџерката на проектот Мими Аунг пред нејзиниот тим. Контролорите на летот во Калифорнија го потврдија краткиот лет на хеликоптерот тежок 1,8 килограми наречен „Ingenuity“, откако добија податоци преку роверот „Perseverance“... Читать дальше...
Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери во врска со двајцата пратеници позитивни на Ковид-19 кои гласаа на 32. и 36. седница, изјави дека се консултирал со многу лица пред да донесе таква одлука за одржување на седниците и дека двајцата пратенци немале контакт со ниту едно лице во зградата на Парламентот. Коментарите на Џафери доаѓаат откако владејачкото мнозинство донесе одлука на двете седници одржани во неделата на 18 април, да присуствуваат двајца пратеници позитивни на Ковид-19, по што настана тензија во Собранието. Читать дальше...
По секој предмет повеќе нема да постои само еден извор на информации, туку ќе се користат најмногу до три учебници, а дигитализацијата ќе обезбеди лесна достапност на материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини, соопшти Министерството за образование и наука во врска со новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој, како што наведува, е изготвен врз основа на анализи на позитивни практики од повеќе развиени земји во Европа кои ја надминале класичната употреба на учебниците. Читать дальше...
Американската амбасада во Скопје го поздрави усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и конфликт на интереси за периодот 2021 – 2025 од страна на Собранието. „Ова е важен чекор, но вистинскиот напредок ќе се мери со успешното спроведување на стратегијата. Борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото се клучни за Северна Македонија и се главен фокус на нашето стратегиско партнерство“, се наведува во објавата на Амбасадата. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе... Читать дальше...
Од парламентарната група на ВМРО-ДПММНЕ соопштија дека утре ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство за вчерашните настани во Собранието, кога беше дозволено двајца пратеници позитивни на ковид -19 во скафандери да присуствуваат и да гласаат за точки од дневен ред на две седници. „На потег ќе биде правосудството кое ќе треба да се оттргне од очигледните политички стеги во рамките на коишто функционира според сите меѓународни извештаи, изјави денеска на прес-конфереција координаторот... Читать дальше...
Од Комисијата за заразни болести донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните седум дена, велат од Комисијата за МИА. На 6 април Владата воведе нови рестриктивни мерки со кои полицискиот час започнува од 20 трае до 5 часот, а од 7 април угостителските објекти се затворени за гости. Затворени беа и салите за вежбање, не се одржуваат семинари и обуки, а обложувалниците и казината работат со посебни протоколи. Рестриктивните мерки требаше да траат до 20 април. Во болница... Читать дальше...
Вкупно 1663 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 380 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка. Читать дальше...
Туристичко-угостителскиот сектор од утре напладне почнува со протести пред Министерството за финансии кои ќе траат се до исполнување на нивните барања. Во протестот вклучени се околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор, а поддршка имаат и од игротеките, асоцијацијата на туристилките водичи и многу други. Официјален допис за поддршка од Независната угостителска комора засега немаат добиено. И на денешната прес-конференција уште еднаш повторија дека туристичко-угостителскиот... Читать дальше...
Граѓани и гласачи поподложни на демагогија отколку на разумни аргуметни ќе биде последицата од ниските навреди кои си ги упатуваат меѓусебно политичарите, прогнозира Марко Трошановски од Институтот за демократија. Навредите беа особено видливи неделава, поврзани со собраниското гласање.
Сојузот на средношколци денеска испрати предупредување до претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска за непочитување на постигнатиот договор за државната матура. Предупредувањето е испратено и до директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска. Од Сојузот наведуваат дека се загрижени за спроведувањето на договорот постигнат за државната матура во учебната 2020/21 година. Од таму наведуваат дека матурантите го информирале Сојузот дека одредени... Читать дальше...
Бугараскиот претседател, Румен Радев, денеска ги почна политичките консултации со парламентарните партии од новоизбраниот парламент, две недели по парламентарните избори во земјата. Први на консултација биле повикани претставниците на партијата ГЕРБ, која освои најмногу пратенички места на изборите одржани на 4 април. По средбата претседателката на парламентарната група ГЕРБ-УДФ, Десислава Атанасова, изјави дека тие се подготвуваат и да владеат и да бидат во опозиција, како и за привремена влада. Читать дальше...
Состојбата со пандемијата на ковид-19 е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира, напиша министерот за здравство Венко Филипе на официјалниот Фејсбук профил. Тој денеска имаше редовен состанок со директорите на клиниките и ковид центрите на кој било направено евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот до денес. Читать дальше...
Руската затворска служба соопшти дека затворениот опозициски лидер Алексеј Навални ќе биде пренесен во затворска болница во затвор во близина на сегашниот поради загриженост дека неговата здравствена состојба драматично се влошува на 20-тиот ден од штрајкот со глад што тој го почна. „Во моментов, здравствената состојба на Алексеј Навални се проценува како задоволителна. Тој е прегледуван секој ден од општ лекар. Со согласност на пациентот, му беше препишана витаминска терапија“, соопшти денеска... Читать дальше...
Причината за експлозиите во 2014 година во две чешки складишта за оружје е мистерија со години. Чешките власти сега велат дека е виновна тајната руска воена разузнавачка единица - истата единица поврзана со голем број труења, обиди за атентат и субверзивни акции низ цела Европа. Мајк Екел.
Во Албанија пристигна пратка од 50.000 дози вакцини од „АстраЗенека“, донација од Индија. Вакцините ќе бидат дистрибуирани во сите здравствени домови и центри за масовна вакцинација, за да се продолжи со имунизацијата на населението постаро од 60 години, рече министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу. Во Албанија неделава треба да пристигнат вкупно над 200 илјади дози вакцини. Кога ќе пристигнат тие ќе почне вакцинацијата за вработените во јавниот превоз, најпрво на оние во воздушниот. Читать дальше...
„Значи не е тоа што ние гледаме, вистината е тоа што они ќе кажат, исто како Сечено, Лепено, Монтирано“ - гласи еден од вашите коментари на социјалните мрежи на РСЕ за законот за петиот пакет анти-кризни мерки донесен од Собранието вчера недела 18 Април
За вработените во малопродажбата, супермаркетите, продавниците за храна и пијалаци, транспортот, службите за чистење, фризерските и козметичките салони, берберниците, обложувалниците, како и за одредени категории државни службеници, од денеска, во Грција е задолжителен селф тест, односно брз тест за ковид-19 за домашна употреба. Без потврда за негативен резултат, забрането е пристигнување на работното место, јави дописничката на МИА од Атина. Брзите селф тестови, задолжително е да се спроведуваат еднаш седмично... Читать дальше...
Замислен како прв од серијата што ќе следува, деновиве како издание на новоформираната издавачка куќа ЗЏМ Рекордс се појави албумот Dzijan Emin & Magical Orchestra - Live in Ohrid, снимен на концертот во Антички театар во 2019 година.
На 15 април, Сојуз за младинска работа ја заврши обуката за работници со млади. Четиринаесетмината кои добија сертификати се првите кои посетувале образовна програма со која се квалификуваат за младински работници според Законот за младинско учество и младински политики. Минатата недела добија сертификати првите работници со млади, кои Законот за младинско учество и младински политики ги дефинира како „квалификувани лица кои поседуваат компетенции за работа со млади луѓе спроведувајќи активности... Читать дальше...