Хрватските власти соопштија дека во силниот земјотрес кој денеска ја погоди земјата загинале пет лица. Претходно властите соопштија дека 12 годишно девојче од градот Петриња каде беше епицентарот на земјотресот е првата жртва, а во меѓувреме телата на четири лица биле извлечени од урнатините во местото Глина.
Жртви и разурнувања од земјотресот што го погоди хрватскиот град Петриња
Локални медиуми повикувајќи се на информации од болниците јавија дека најмалку 20 лица се повредени, од кои две лица се тешко повредени, а 18 се полесно повредени. Во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала урнати се и голем број куќи и јавни објекти.