Лидерот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека светот треба да биде подобро подготвен за следната пандемија и ги повика земјите да инвестираат во јавното здравство.
„Ова нема да биде последна пандемија. Историјата нè учи дека вирусите и пандемиите се факти. Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат“, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева.
СЗО: Прераното олабавување на мерките е рецепт за катастрофа
Во светот скоро 27 милиони заразени со коронавирус
Откако беа откриени првите случаи на коронавирус во Кина во декември лани, во светот се потврдени повеќе од 27,19 милиони случаи. Од вирусот на глобално ниво починале 888.326 луѓе.