Голем број демонстранти и денеска се собираат пред зградата на Собранието во Софија каде за во 11:30 часот по локално време е закажано гласање за недоверба на владата на Бојко Борисов.
ФОТОГАЛЕРИЈА - „Време е да одлетате“ - протестите во Бугарија и барањата на народот
Демонстрантите, кои протестираат 13 дена по улиците и плоштадите на голем број бугарски градови, бараат оставки од Борисов, од неговата Влада и од главниот обвинител Иван Гешев.