Министерството за здравство соопшти дека досега се обезбедени вкупно 52 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19. Само во текот на денешниот ден шест лица дарувале крвна плазма, од кои четири од Штип и две од Прилеп, информираат од Институтот за трансфузиона медицина.
Во даруваната крв има антитела кои може да се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19.
Дарител може да биде секое лице излекувано од коронавирус кое ги исполнува условите за дарување плазма наведени во протоколот. Лицето треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус.
Што е ремдесивир и зошто сите го сакаат?
Сите граѓани кои сакаат и можат да бидат донор може да се пријават со пополнување на Формулар за донор на ковид-19 ковалесцентна плазма, кој може да го најдат на интернет страницата на Институтот за трансфузиона медицина.