Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји оцени дека можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово е помалку важен проблем.
„Не мислам дека размената на територии е проблем. Мислам дека тоа е секундарно прашање “, рече Вархеји во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска во Брисел.
Тој посочи дека најважната работа во овој момент е актерите да се вклучат на масата, „на смислен начин и да постигнат решение“.
Вархеји истакна дека ставот на Европската унија отсекогаш бил јасен, што подразбира дека најважно е двете држави да се согласуваат за решение што е прифатливо за нив и не претставува ризик за другите земји во регионот.
Гренел повторно негира дека разговарал за размена на територија меѓу Србија и Косово
„Кога ќе дојдеме до таа точка, тогаш можеме да разговараме за различните елементи на тој договор“, рече Вархеји.
Прашањето за евентуална корекција на границите меѓу Србија и Косово, колку што е познато, никогаш не било на преговарачката маса, како во преговорите со кои посредува Европската унија, а кои стопираат од крајот на 2018 година, така и во разговорите со кои посредуваат американски претставници, а со кои на почетокот на годината се дојде до постигнување на повеќе договори меѓу двете страни.
Вашингтон: нема таен план за размена на територии меѓу Србија и Косово