Словенија најави дека од 18 мај почнува со постепено враќање на образовниот процес во нормала, јави МИА од Љубљана. Владата реши најпрво ќе се отворат градинките и училиштата, но само за некои одделенија. Според министерката за образование Симона Костец, во овој момент интензивно се работи на создавање услови за безбедно одвивање на наставата во училиштата, но и за престој на децата во градинките.
„Најпрво ќе ги отвориме градинките и основните училишта за најниските одделенија. Меѓу првите во редовна настава ќе се вратат и учениците кои имаат завршен испит или матура“, изјави Костец за Поп ТВ, пренесува МИА.
КОВИД 19 - Седмичен развој на настаните во светот
Министерката најави дека за сите други ученици, учебната година ќе заврши со предавањата преку интернет.