Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти објави на Фејсбук дека претседателот Хашим Тачи најпрво треба да размисли за датум на избори пред да побара име од кандидат од неговата партија. Пред два дена Тачи објави дека ќе започне со консултации со лидерите на политичките партии застапени во косовскиот парламент за формирање на нова инклузивна косовска влада.
По 50 дена падна владата на Косово
Според Курти, најважниот член во косовскиот Устав за тековната состојба е член 82 во кој се вели дека „Собранието може да го распушти претседателот на Република Косово по успешното гласање за недоверба во Владата“. Тој ги оцени како неуставни изјавите на Тачи дека ќе се консултира со политичките партии и ќе побара формирање сеопфатна влада.