ЕУ ќе се соочи со прашањето за преживување доколку во кризата со коронавирусот не биде обединета, изјави францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Моншален. „Апсолутно мора да се подготвиме за закрепнување од кризата заедно“, рече Моншален, потсетувајќи на мерките донесени од ЕУ за борба против здравствената криза и последиците за економијата.
Лидерите на ЕУ - за две недели мерки за решавање на економската криза
Европската централна банка започна програма за поддршка на земјите од 750 милијарди евра. И поранешниот претседател на Европската комисија Жак Делор предупреди дека немањето солидарност ќе биде смртоносна закана за Европската унија.