Американските сенатори и Белата куќа се согласија за условите на пакетот економски мерки, соопшти Белата куќа. Деталите за конечниот договор допрва треба да бидат објавени, но законодавците разговараа за пакет за спасување на економијата од 2 трилиони американски долари, кој ќе им даде директни плаќања на повеќето Американци, ќе ги прошири бенефициите за невработеност и ќе обезбеди програма од 350 милијарди американски долари за малите бизниси да продолжат да ги плаќаат работници принудени да останат дома заради коронавирусот. Болниците може да добијат и до 200 милијарди американски долари како помош да се справат со очекуваниот бран болни пациенти.
Трамп: отворање на економијата во наредните недели, а не месеци
Според Универзитетот Џонс Хопкинс,во САД има потврдено 55.222 случаи на коронавирус и 797 починати. По донесувањето во Сенатот, пакетот ќе треба да го одобри Претставничкиот дом предводен од Демократската партија. Претседателот Доналд Трамп, кој го повика Конгресот брзо да го донесе законот, рече дека ќе го потпише.