Бројот на починати од последици од коронавирусот во Иран се искачи на 22 лица, јавуваат иранските медиуми. Според нивните извештаи 141 лице се заболени во 20 од 31 провинција во Иран. Таа земја има најмногу заболени на Блискиот исток од каде што вирусот се прошири во соседните Ирак, Оман, Кувајт и Бахреин. Денеска Саудиска Арабија ги стопира и визите за посета на муслиманските светилишта.
СЗО: коронавирусот предизвикува загриженост, но не е пандемија
Во Италија, пак, гувернерот на Ломбардија, најпогодената област од коронавирусот, е во карантин откако еден од неговите соработници се разболел. Гувернерот Атилио Фонтана, кој често држеше прес конференции за состојбата во регионот, ова го објави доцна вчера на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Повеќе од 300 луѓе се заболени од коронавирусот во Ломбардија, а десет луѓе починаа. Во цела Италија има повеќе од 400 потврдени случаи, а вкупно 12 луѓе починаа.
Потврден прв случај на коронавирус во Јужна Америка
Според последните бројки повеќе од 82 000 луѓе во 40 земји се заболени, а починаа околу 2 800 лица. Во Бразил е регистриран прв случај на заболен што е и прв во Латинска Америка, а неколку други земји како Данска, Естонија, Пакистан, Романија, Грузија и Алжир исто така јавија за први регистрирани случаи.
Прв случај на коронавирус во Македонија, властите апелираат за смиреност