Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Прага ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан, што се организира во рамки на чешкото претседавање со Вишеградската група.
За време на посетата на Прага Димитров имаше средби со неговиот чешки колега Томаш Петричек, претседателот на Долниот дом на чешкиот Парламент, Радек Вондрачек и со државната секретарка за европски прашања Милена Хрдинкова.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбите била изразена силна поддршка за Северна Македонија за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ.