Комесарот на Европската унија за надворешна политика Џозеф Борел го опиша иранскиот напад врз американските војници во Ирак како уште еден пример на ескалација на состојбите и растечка конфронтација. Денеска во Брисел тој нагласи дека не е во ничиј интерес зголемување на насилството, додавајќи дека министрите на земјите- членки на Европската унија ќе одржат специјален состанок в петок за да дискутираат што може меѓународната заедница да стори за стабилизација на регионот.
Борел рече и дека го поканил иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и додаде дека нуклеарниот договор со Иран, кој се чини дека е пред колапс, сега е поважен од кога било.