Дијабетичарите следната недела ќе може да ги набават лентите за мерење шеќер во крвта, соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити на официјалниот Фејсбук профил. Тој вели дека конечно е надминат наследениот проблем со набавката на ленти за мерење шеќер. Лица со дијабетес пред еден месец протестираа пред Министерството за здравство, со барање да добијат средства за мерење и контрола на болеста, како глукомери и ленти, кои недостигаат веќе седум месеци. Министерот за здравство вели дека... Читать дальше...
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина на 20 август во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Посетата на Унгарија е по повод одбележувањето на Денот на основањето на земјата - Свети Стефан. Додик и Цвијановиќ за време на посетата на Унгарија ќе се сретнат меѓудругото и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. И турскиот претседател е во посета на Будумпешта на покана на унгарскиот премиер... Читать дальше...
Шпанија ја освои својата прва шампионска титула на Женското светско фудбалско првенство, откако во финалето во Сиднеј ја совлада репрезентацијата на Англија со 1 – 0, со голот на Олга Кармона во 29-тата минута. Шпанија е првата европска земја која станува светски шампион по репрезентацијата на Германија во 2007 година. Шпанија во полуфиналето ја совлада Шведска со 2 – 1. Победата на Шпанките доаѓа една година по бунтот на репрезентативките. Петнаесет фудбалерки лани се повлекоа од репрезентацијата... Читать дальше...
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од стана на компанијата „Брако“ упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со документарниот филм „Убиство во Тетово“. Претходно осуда за Брако дојде и од медиумските и новинарски здруженија. Од АВМУ велат дека истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите, поради што новинарите не смеат да бидат навредувани и јавно дискредитирани... Читать дальше...
Специјална комисија ќе ги испита причините за катастрофалниот неуспех, кој е удар за престижот на руската вселенска програма, откако Луна 25 се урна на површината на Месечината.
Дваесет и пет кинески воени авиони во последните 24 часа ја поминаа средната линија на Тајванскиот теснец, соопшти на 20 август Министерството за одбрана на Тајван. Тој теснец е предмет на меѓународен спор, Кина тврди дека има суверенитет над него, а средната линија, позната и како Дејвисова линија, е одредена во 1955 година и се смета за граница меѓу двете страни. Во соопштението на Министерството се наведува дека кинеските борбени авиони Су-30 и Ј-11 навлегле на територијата на Тајван. Во... Читать дальше...
Пет луѓе се спасени синоќа на Охридско Езеро, откако сопственикот на едрилицата изгубил контрола над неа поради невремето, соопшти Министерството за внатрешни работи на 20 август. Езерската полицијата ја пронашла едрилицата, која била и оштетена поради невремето во близина на границата со Албанија. Покрај сопственикот на едрилицата имало уште четворица други луѓе. МВР посочува дека спасените луѓе се во добра здравствена состојба, без повреди.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 36 степени.
На граѓаните, Македонци и Албанци, поважни им е да живеат во правна држава, да имаат повисоки плати, подобар стандард, а не соништтата за големи држави, вели бизнисменот и поранешен претседателски кандидат Имер Селмани во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Колку, се успеа да се интегрира општеството 22 години по Охридскиот договор, дали пропаѓа ли проектот „Едно општество за сите“? Бизнисменот и поранешен политичар Имер Селмани смета дека мултиетничкиот концепти има сериознен прогрес, но дека градењето на заедничка држава значи и правење компромиси.