Во неколку градови на Босна и Херцеговина на 14 август, се одржуваат граѓански протести против насилство, поради тројното убиство во Градачац. Граѓаните бараат објаснување како повторно дојде до фемицид. Нермин Сулејмановиќ во видео во живо на Инстаграм на 11 август ја уби својата поранешна партнерка Низама Хеќимовиќ. Таа неколку дена претходно го пријавила во полиција за насилство. Истиот ден Сулејмановиќ уби уште двајца, а рани три лица. За време на полициската акција извршил самоубиство. Читать дальше...
Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис го уверил неговиот хрватски колега, Гордан Грлиќ-Радман, дека „независното грчко судство ќе постапи објективно, непристрасно и врз основа на почитување на основните права на притворениците“ во случајот со хрватските навивачи. Двајцата министри телефонски разговарале за одредената мерка притвор за хрватските навивачи. Грлиќ-Радман изразил жалење за загубата на грчкиот навивач, го осудил учеството на хрватските навивачи во инцидентите... Читать дальше...
По истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за пожарот во тетовската модуларна болница во Тетово, први реагираа од Јавното обвинителство. Од Обвинителството ги отфрлаат наводите во истражувањето кои се однесуваат на текот на истрагата за овој случај. Според Обвинителството истражувањето имало цел да дискредитира и нема никаков реален интерес да се презентира вистината. Најавуваат и јавна седница на Апелација, на која ќе бидат изложени сите докази од првостепената постапка која се водеше пред Судот во Тетово. Читать дальше...
Откако се организираа во неколку градови, пензионерите од повеќе здруженија излегоа на протест во Скопје. Нивни барања се линеарно покачување на пензиите од 3500 денари, како и најниска пензија од 18.000 денари. Барањата лично и ги доставија и на министерката за труд и социјална, Тренчевска.
Неколку стотини пензионери од повеќе места во Северна Македонија денеска, 14 август, дојдоа на протест во Скопје со барање за линеарно зголемување на пензиите и изедначување на пензискиот минималец со минималната плата во државата
Регистриран е нов случај на заразен со конго-кримска хеморагична треска, информираше Институтот за јавно здравје на 14 август. Институтот соопшти дека во доцните вечерни часови на 12 август биле известени за позитивниот резултат. Кримска-конго хеморагична треска е вирусна болест чиј преносител се крлежите. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес. Тој од Општата болница во Велес, бил донесен на Клиниката за инфективни болести. Пациентот е во стабилна состојба. Заразениот се јавил во болницата во Велес... Читать дальше...
Нашите пензии да им ги дадеме на функционерите да живеат барем два- три месеци, а тие да ни ги дадат нивните плати на нас, па нека живеат со нив, нека видат, порача пензионерка на денешниот протест пред Седиштето на здруженија на пензионери во Скопје. Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите, а денеска се собраа во главниот град. Тие на денешниот протест побараа оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија... Читать дальше...
Руската амбасада во Скопје за две години објавила двојно повеќе постови на социјалните мрежи од дипломатските претставништва на ЕУ, САД, Британија... Според истражувањето на Центарот за проучување на демократијата од Софија (CSD) тоа е дел од пропагандната стратегија и хибридната војна на Кремљ
Најмалку 11 лица загинаа, а девет се повредени во судир на минибус и камион, рано на 14 август во Ерменија. Петмина од повредените се во критична состојба, велат лекари за ерменскиот сервис на Радио слободна Европа (РСЕ). Сообраќајна несреќа се случила на автопатот Ереван-Ѓумри на околу 85 километри североисточно од Ереван, соопштија ерменските власти. Според роднините на жртвите, минибусот превезувал патници кои се враќале од Турција во Ерменија. Надлежните институции ги истражуваат причините за несреќата.
Образованието на девојчињата и жените е универзално прифатено во повеќе од 200 земји и територии, вклучително и речиси 50 нации со мнозинско муслиманско население. Но, тврдокорните авганистански исламистички талибански владетели им забранија на тинејџерките да одат на училиште по шесто одделение откако се вратија на власт пред две години. Забраната беше проширена во декември и на жените на универзитетите. Многубројните протести на Авганистанците во земјата, притисокот од меѓународната заедница... Читать дальше...
Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу
Како што е најавено, пензионерите денеска ќе протестираат пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери, а потоа ќе се упатат кон Министерството за труд и социјална политика каде ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата. Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови, а за денеска е најавен протестот во Скопје. Од Сојузот... Читать дальше...