Најмалку 12 лица загинаа во Зелената зона во Багдад, откако стотици приврзаници на влијателниот шиитски свештеник Муктада ал-Садр упаднаа во владините згради во ек на зголемени тензии со противничките шиитски групи, кои се поддржани од Иран. Најмалку 270 луѓе биле ранети денеска кога биле испукани куршуми и солзавец во Зелената зона, каде што се сместени владините и дипломатски објекти. Врховниот суд во Ирак отфрли жалба за оспорување на изборните резултати САД ги оценија немирите во Багдад... Читать дальше...
Двајца пилоти на Ер Франс се под истрага по физичка пресметка во кабината на летот Женева-Париз во јуни. Тепачката ги натера француските истражители да повикаат на построги безбедносни протоколи, соопштија денеска од Ер Франс. Летот, на кој се случила тепачката, продолжил и авионот безбедно слетал, а спорот не влијаел на остатокот од летот, рече официјалниот претставник на Ер Франс, нагласувајќи ја посветеноста на авиокомпанијата за безбедност. Хаос на аеродромите - авиоиндустријата ги трпи... Читать дальше...
Со проекцијата на „Носферату, симфонија на стравот“ на Фридрих Вилхелм Мурнау во музичка придружба на Џијан Емин, во среда на 31 август во 20:00 часот, во летното кино на Кинотека започнува Фестивалот на нем и класичен филм 2022.
Траект со 300 патници, кој патувал од Шведска до Летонија, денеска се запалил, но властите велат дека пожарот не бил толку опасен и оти нема повредени. Бродот се наоѓал северно од шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море кога избувнал пожарот, објави шведската телевизија СВТ. Руски воен брод погодил брод што пловел под молдавско знаме во Црното Море Портпаролот на транспортната компанија Стена Лејн за СВТ изјави дека била информирана дека пожарот бил со „ограничен обем, а гаснењето е во тек“. Читать дальше...
Во последните три дена (од 26.08 до 28.08.2022), регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 од направени 1.561 тестови, пријавени се вкупно четири починати лица. Двајца починале во изминатите три дена, а двајца претходно, но биле пријавени сега. Има 698 оздравени, информира Министерството за здравство. Компанијата „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид Од новорегистрираните 389 случаи, од Скопје се 205, Битола 34, Охрид 22, Куманово 20... Читать дальше...
Протекување на гориво ја принуди НАСА да го одложи лансирањето нова ракета на Месечината, на тест лет без екипаж. Лансирањето нема да се случи пред 2 септември. Ракетата Систем за вселенско лансирање, долга 98 метри, требаше да полета рано утринава со три тест кукли на својот прв лет, на мисија за поставување капсула во орбитата на Месечината. Прва фотографија од вселенскиот телескоп на НАСА со поглед на работ на универзумот Ова треба да биде голем чекор во обидите на САД да ги врати космонаутите... Читать дальше...
Студенти од Македонија ќе студираат целосно бесплатно високо образование на државните универзитети во Бугарија – ќе бидат ослободени од сите такси. Тоа е предвидено со измените предложени од бугарскиот службен министер за образование Сашо Пенов, јавија бугарските медиуми. Досега, студентите прифатени според уредба од 1997 година (до 300 лица годишно) ги плаќаа таксите, а износот зависеше од специјалноста. Политика или економија - што ќе донесат студиите во Свети Николе на имењакот на УКИМ ... Читать дальше...
На шеесет и четвртата седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што се одржа денеска, Советот го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на досегашната шефица на Јавното обвинителство, Вилма Русковска. Како што информираа од Советот за МИА, Пеливанов е назначен бидејќи во постапката која се води, а поради која Русковска е времено оддалечена од својата функција, не може да ја врши својата функција, и, како што посочуваат, бидејќи се работи за обвинителство... Читать дальше...
Општина Арачиново ќе биде една од општините што ќе биде позитивен пример и за другите општини, дека навистина елементарните прашања како што е снабдувањето со електрична енергија, но и обврските што ги имаме како граѓани, ќе се одвиваат на фер и непристрасен начин, не дискриминирајќи никого, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши во денешната емисија КликПлус на ТВ21. Истовремено, според него, обврска на институциите, почнувајќи од локалната до централната власт е да создадат основни... Читать дальше...
Европската унија изрази жалење што српските власти најавија дека ќе го откажат или одложат паневропскиот ЛГБТИ настан Europride, наведувајќи дека внимателно ќе го следат ова прашање. „Жалиме што Србија објави дека ќе го откаже или одложи Europride, откако првично одлучи да биде домаќин во Белград овој септември, и би сакале дополнително разјаснување. Ние внимателно ќе ја следиме оваа работа. Се надеваме дека може да се најде начин за Europride да се одржи безбедно и во мир“, изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро. Читать дальше...
Арачиново доби струја, откако се најде привремено решение- екипите на ЕВН да влезат во општината. Но никој не кажува како и дали ќе се наплатуваат кражбите на струја, кои досега ги плаќаа сите граѓани. Загубите на струја само во Арачиново, според ЕВН, се 6 милиони евра годишно.
На парцела од 100 метри квадратни во самото срце на главниот град се гради зграда, во основа на 70 метри квадратни. Мајсторите на улицата Киро Крстевски Платник вредно работат и повеќе нема траги од гостилницата која сега ќе биде заменета со зграда од приземје, четири ката и поткровје. И куќата до гостилницата ја снајде истата судбина, па истовремено таму никнува уште еден станбен објект. Овој на парцела од 170 метри квадратни. На неколку метри оддалеченост на улицата Коста Шахов позади студентскиот... Читать дальше...
РЕК Битола врши повремено тестирање на постројката „стартна котлара”, чија намена е да дава поддршка на блоковите при потреба за зголемено количество водена пареа за турбините. Таква проверка на функционалноста е направена денеска помеѓу 6:30 и 7:00 часот, при што е утврдено дека истата е функционална и е на располагање да се вклучи во системот во секој момент, за краткотрајно зголемување на снагата на блоковите во одредени куси периоди во текот на производниот процес, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. Читать дальше...
Земјите од Европската унија, Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат условите за да станат полноправни членки на Шенген зоната без пасоши, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. „Шенген е едно од најголемите достигнувања на Европската унија, и ние треба да го заштитиме и развиваме. Словенија ја сака Хрватска во „Шенген“, но прво да се решат одредени прашања Тоа, патем, значи затворање на преостанатите празнини“, наведе Шолц, додавајќи: „Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат сите технички услови за полноправно членство. Читать дальше...
Светот мора да продолжи да вади нафта и гас за да ја одржи цивилизацијата, а истовремено да продолжи да развива и одржливи извори на енергија, изјави основачот на Тесла, Илон Маск, на денешната прес конференција во Норвешка. „Реално, мислам дека треба да користиме нафта и гас на краток рок, бидејќи во спротивно цивилизацијата ќе се распадне“, рече Маск. Активисти на Гринпис блокирале руски танкер кој носел нафта за Норвешка Запрашан дали Норвешка треба да продолжи со дупчење за нафта и гас, Маск рече... Читать дальше...
Буџетот не е празен, тврди директорката на УЈП, но повеќето посетители на ФБ страницата на РСЕ не веруваат. Што друго коментиравте?
За денеска е закажано лансирање на ракетата на НАСА за Месечината, најмоќната досега употребена од американската вселенска агенција, е закажана за лансирање на клучен тест на почетокот на 29 август. Ако сè биде добро, ракетата од 98 метри ќе испрати празна капсула без екипаж во орбитата на Месечината - околу 50 години откако со програмата Аполо на НАСА на Месечината слетаа слета 12 астронаути. Лансирањето е закажано за 14 часот и 33 минути по средноевропско време. Пекинг негира дека може да ја... Читать дальше...
Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа. Засега на веб – страната на Собранието нема закажани активности. Меѓу првите активности во Собранието се очекува ќе биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите... Читать дальше...
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на островот Суматра во Индонезија, што е трет потрес што ја погоди областа од рано во понеделникот, соопшти агенцијата за геофизика на земјата. Индонезиската агенција за метеорологија и геофизика го забележа земјотресот кај островите Ментаваи, во близина на западниот брег на Суматра нешто пред 10.30 часот и соопшти дека не предизвикал предупредување за цунами. Агенцијата претходно забележа магнитуда од 6,4 степени, но ја ревидираше на 6,1. Читать дальше...
Бугарските власти соопштија дека полицијата уапсила 141 мигрант кои се обиделе да влезат во земјата без дозвола, а се верува дека сите се мажи со потекло од Авганистан. Полицијата соопшти дека ќе ја зајакне безбедноста долж границата на источноевропската земја на ЕУ со Турција поради зголемените илегални премини на мигранти. Властите соопштија дека група од 88 авганистански мигранти патувале со автобус регистриран во Северна Македонија кога бил запрен во пристанишниот град Бургас на Црното Море.... Читать дальше...
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Дневната температура ќе се движи од 24 до 33 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 31 степен.