Регионална стипендија за известување на РСЕ 4 јануари – 31 август 2023 година Апликација за стипендија за регионално известување за РСЕ/РЛ Краен рок за апликантите за регионално известување за РСЕ: недела, 2 октомври 2022 година Радио Слободна Европа отвори аплицирање за Регионалната стипендија за известување на РСЕ за 2023 година. Целта на стипендијата е да придонесе за професионален развој на аспиранти новинари во земјите од Источното партнерство на ЕУ и Западен Балкан за поддршка на слободата и независноста на медиумите. Читать дальше...
Паралелно со процесот на скрининг има можност во тој период да се заврши и обврската со измена на Уставот, со додавање на некои заедници, како Хрватите, Црногорците и Бугарите во Преамбулата и во уште една точка во Уставот, каде што се споменуваат сите поименично, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. „Од наш аспект содржински нема никаква пречка тоа да се направи. Мислам дека нашиот концепт на Уставот и нашиот амбиент секогаш бил инклузивен за сите заедници. Читать дальше...
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на прес конфренција обвини дека Владата донела незаконска одлука за давање на трајно користење на училишен објект во градот на Агенцијата за катастар на недвижности. Се работи за една од двете училишни згради, познати како „Стара Медицина“, каде настава следат македонските паралелки на Гимназијата. Касами побара да се преиспита оваа одлука и информираше дека ќе ја обжали затоа што, како што рече, со оваа одлука Владата го прекршила Законот за основно и средно образование. Читать дальше...
Американската фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за прекршување на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19, јавува Би-Би-Си. Компанијата тврди дека технологијата mRNA што ја развила пред пандемијата била копирана. Тужбата, со која бара финансиска отштета, била поднесена во САД и Германија. Од компанијата „Pfizer“ велат дека сè уште не добиле правна документација за ова прашање и не можат да го коментираат случајот во моментов. Читать дальше...
Во последните 24 часа направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, 59 се реинфекции. Регистрирани сe 426 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, од Скопје (2), Прилеп (2) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 90 години. Сите лица се починати во болнички услови. Починати се во... Читать дальше...
Руски служби стојат зад хакерскиот напад на информативната структура на Владата на Црна Гора, потврдија од Агенцијата за национална безбедност за Радио Слободна Европа. Од Агенцијата тврдат дека се работи за напад кој се подготвувал подолг период. „Нападната е критична државна инфраструктура“, велат неофицијално од Агенцијата за национална безбедност за РСЕ. Последниот сајбер напад врз Владата се случи рано утринава, а владините служби се уште не соопштуваат колкава е штетата. Претходно... Читать дальше...
Приходите од издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи, сообраќајни дозволи, регистарски таблици и останати обрасци, не се евидентираат согласно основот по кој истите се остваруваат, покажуваат финансиските извештаи од извршената ревизија на Министерството за внатрешни работи, на Државниот завод за ревизија. Дополнително, ревизорите, исто така утврдиле дека СВР Скопје има доставено Извештаи за издадени обрасци и регистарски таблици до Одделот за финансиски прашања заклучно со 31.12.2018 година... Читать дальше...
Општина Охрид ќе пренамени 2 милиони денари за организација на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон. Советот на општината на денешната седница со мнозинство гласови ја донел одлуката за пренамена на парите и веќе се започнати подготовките за ораганизација на маратонот. „Согласно најавите и подготвениот план, Општина Охрид ги започна кординативните активности околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација. Веќе е формиран е организациски одбор, кој работи на подготовка... Читать дальше...
Здравствениот инспекторат денеска врши вонреден инспекциски надзор во болницата во Штип, по допрен глас за смртта на младиот пациент од Берово, кој починал по извршена хируршка интервенција на заб. Од инспекторатот дополнително најавуваат дека проверка ќе извршат и во сите други здравствени установи каде пациентот бил лекуван. „Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог ... Читать дальше...
Државата треба да се фокусира на заштеди и рационализација во Буџетот, а редно време е да размислува и за приватизација на одредени несуштински работи кои ги поседува, кои со години бележат загуби, порача денеска на прес-конференција претседателот на Сојузот на Стопански Комори, Трајан Ангелоски. Државата, посочи Ангелоски, има акции во Телеком, а ние сме либерализиран пазар, и не ја гледаме потребата зошто државата сега на некој начин да тера бизнис во Телеком. Има и во железници итн. кои и... Читать дальше...
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека новите правила за реципроцитет на Косово нема да стапат на сила на 1 септември, доколку Србија се откаже од граничните контроли. „Подготвен сум да му подадам рака на (српскиот претседател Александар) Вучиќ Доколку Србија се согласи да се откаже од граничните контроли во иднина, тогаш и ние ќе го сториме истото. А потоа од 1 септември нема да има нови правила“, изјави Курти за денешниот германски весник Ди Велт. Ескобар: Убеден сум дека Србите на северот... Читать дальше...
Британските сметки за енергија ќе скокнат за 80% до просечни 4.188 долари годишно од октомври, објави денеска регулаторот, со што милиони домаќинства ќе западнат во сиромаштија, а бизнисите во опасност, освен ако владата не се вклучи. Извршниот директор на Ofgem, Џонатан Брерли, рече дека порастот ќе има огромно влијание врз домаќинствата ширум Британија, а уште едно зголемување е веројатно во јануари, бидејќи потегот на Русија да ги намали европските испораки ги доведува големопродажните цени на бензинот на рекордно ниво. Читать дальше...
Бугарија ќе има решителен одговор за интензивираниот мигрантски притисок во изминатите неколку месеци, нагласи денеска вршителот на должноста премиер на Бугарија Галаб Донев на почетокот на владина седница. Тој најави дека полицијата и армијата заедно и во координација ќе ја чуваат државната граница на Бугарија. „И покрај сомнежите за соучесништво на претставници на системот на МВР во мрежата на трговија со луѓе, убеден сум во силната мотивација на полицајците и воениот персонал кои ќе бидат вклучени во чувањето на нашите граници. Читать дальше...
Неизвесно е дали ќе има гас и по која цена. Струјата од Нова година повторно ќе поскапи. Трошоците за живот веќе се зголемени за 16 проценти. Социјалното незадоволство ќе го зголемува притисокот врз власта за предвремени парламентарни избори, вели политичкиот аналитичар Марко Трошановски.
На власта не ѝ одговара да има предвремени избори сега кога незадоволството е највисоко, меѓутоа доколку опозицијата одлучи да мобилизира граѓани на бранот на ова наталожено незадоволство, притисокот да се направи таков чекор значително ќе порасне, вели политичкиот аналитичар Марко Трошановски.
Наспроти запаливата позадина на религиозните и етно-националистичките тензии што ја соборија владата, Црногорците споделија различни информации за шокантното масовно пукање претходно овој месец. Анета Дуровиќ и Предраг Томовиќ
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска во Белград изрази уверување и надеж дека Србите на северот на Косово нема да видат промени во нивните животи на први септември, кога Владата во Приштина најавува почеток на примена на мерките за реципроцитет. По синоќешните разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, Ескобар изутрината изјави дека неговата надеж е оти Србите на северот на Косово „суштински нема да станат гости во сопствената земја“... Читать дальше...
Минатата година во земјава се родиле најмалку бебиња во независна Македонија. Во последната деценија бројот на бебиња се намалил за 4122, или сликовито, тоа е за околу 137 паралелки помалку. И додека државите од соседството со белата чума се борат со повеќе пари, помошта што ја добиваат родителите во земјава е незначителна.
Албанија го одложи за идната година пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти Институтот за статистика – ИНСТАТ. „Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската унија (Евростат), се наведува во соопштението... Читать дальше...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови, но дека „за регистарските таблички и за некои главни прашања вакво решение воопшто не може да се постигне“. „Ние ќе ги продолжиме разговорите и верувам дека во деновите што следат ќе успееме да постигнеме компромисно решение, барем за мал дел, бидејќи е јасно дека во однос на табличките и некои крупни прашања такво решение не може да се постигне воопшто“, наведе Вучиќ... Читать дальше...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој се соочува со избори следната година, денеска ќе има обраќање во парламентот во врска со скандалот за тамошната разузнавачка служба која го прислушувала мобилниот телефон на опозициски политичар. Тој претходно во август рече дека не знаел дека операцијата траела три месеци. Скандалот со прислушувањето доведе до оставки на шефот на Националната разузнавачка служба Панајотис Контолеон и на генералниот секретар на кабинетот на премиерот Григорис Димитриадис. Националната разузнавачка служба... Читать дальше...
„Потребно е да се локализира изворот на проблемот што државата го има со Бугарија, а тоа е Договорот за добрососедство, потпишан во 2017 година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на централниот дневник на Сител телевизија. „Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми, бидејќи ние и тогаш реагиравме како политичка партија и како луѓе дека е избрзан и дека тој договор практично не е решение“, изјави Мицоски, кој во врска со референдумот информираше дека има... Читать дальше...
Сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе се движи од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 32 степена.