Мы в Telegram
Добавить новость

«МК»: известный банкир Филипьев найден мертвым в московской квартире

Инаугурация Путина: Приглашены все друзья и недруги - Ушаков

Подмосковье поможет восстановить дома в Советском районе Макеевки

Россия предложила проект резолюции о прекращении гонки вооружений в космосе

World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Март
2022

Новости за 17.03.2022

SlobodnaEvropa.mk 

Приведени Борисов и негови поранешни соработници

Бугарската полиција го приведе поранешниот премиер на државата и актуелен лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. Како што јавува државната бугарска агенција БТА претреси и заплени се извршиле на многу адреси, а покрај Борисов приведени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на Комисијата за буџет Менда Стојанова и поранешната шефица на владината служба за информирање Севдалина Арнаудова. Информацијата од ГЕРБ, како што јавува македонската државна агенција МИА ја потврдиле и високи извори од новата влада. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пазарна инспекција – Масло има, нема потреба од паника

Пазарните инспектори, преку проверка на документацијата и контроли на терен утврдиле дека има доволна количина масло за јадење на залиха, како и суровина за негово производство. Како што изјави директорката на Пазарната инспекција, Анета Симеска-Димоска, нема потреба од паника дека ќе има недостаток на производи. „Она што ние го имаме утврдено преку документација е дека има доволно масло на залиха и нема потреба од купување на огромни количини. Сметам дека во најбрз можен рок ќе се воспостави редовно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Литванскиот министер за надворешни работи: НАТО мора да биде многу сериозен за својата одбрана

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис вели дека НАТО не може да ја потцени опасноста од руската неиспровоцирана инвазија врз Украина и мора да биде целосно подготвен, а дека Европа се движи на работ на „огромни политички промени“. „Ние не го започнавме ова...Русија ја донесе својата опрема, донесе војна до границата на НАТО и НАТО мора да биде подготвен“, рече тој во интервјуто за Радио Слободна Европа дадено на 17 март за време на неговата посета на Прага. Тој нагласи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Косово бара поддршка од САД за да стане членка на НАТО

Претседателката на Косово, Вјоса Османи побарала од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден да ја поддржи нејзината земја во напорите за зачленување во НАТО. Во писмото Османи вели дека Москва најверојатно ќе се обиде да го дестабилизира регионот, што ќе го направи „императив“ барањето на Косово за влез во НАТО. „Ја изразуваме нашата надеж и очекување дека Соединетите Држави ќе го искористат своето лидерство и влијание за активно да го поддржат и унапредат сложениот процес за членство во НАТО за Косово“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бензините поевтинуваат за два, а дизелот за три денари за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цента на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72,5 денари за литар.... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Зеленски предупреди на нов „ѕид“ во Европа, руските напади продолжуваат

Украинскиот лидер Володомир Зеленски ја обвини Москва за создавање на нов ѕид во Европа по Студената војна. Во меѓувреме во театарот во Мариупол се уште се трага по преживеани. Турскиот претседател Ердоган во телефонски разговор со рускиот колега Путин се понуди да организира средба со Зеленски.

SlobodnaEvropa.mk 

Шеста лажна дојава за бомба на лет од Белград за Русија

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека денеска пак е добиена дојава за бомба во авионот кој требало да лета од Белград за Москва, при што по проверката полицијата утврдила дека се работи за лажна пријава. Како што соопшти агенцијата Бета, од министерството ја потврдиле пријава и посочиле дека пак била направена контрола на белградскиот аеродром. Ова е шеста лажна пријава за бомба во последната недела, кога станува збор за летови на релација Србија – Русија. Вчера имаше две вакви лажни пријави. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците следната недела ќе ги отворат средните училишта за девојчиња

Талибанците ќе им дозволат на девојчињата ширум Авганистан да се вратат на часови кога ќе се отворат средните училишта следната недела, изјави Азиз Ахмад Рајан, портпарол на Министерството за образование. Изјавата доаѓа по неколкумесечната неизвесност  за тоа дали групата ќе дозволи целосен пристап до образование за девојчињата и жените. „Сите училишта ќе бидат отворени за сите момчиња и девојчиња“, изјави портпаролот за Ројтерс додавајќи дека ученичките ќе учат одделно од момчињата и ќе им предаваат само професорки. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Украина побарала Турција да и биде гарант на секој договор со Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побара од Турција да биде гарант за каков било иден договор со Русија, заедно со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, изјави денеска највисокиот дипломат на Анкара. „Украина даде понуда за договорот за колективна безбедност: П5 (пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН), Турција и Германија“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на посетата на украинскиот град Лавов. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ташкент не ги признава сепаратистичките „републики“ во Украина

Официјален Узбекистан вели дека не ги признава областите под контрола на проруските сепаратисти во Украина, односно Доњецка Народна Република и Народна Република Луганск и повика на „мирно решение“ за да се стави крај на неиспровоцираниот напад на Русија против Украина. Говорејќи пред узбекистанските пратеници на 17 март, министерот за надворешни работи Абдулазиз Комилов ги повика двете страни да го решат конфликтот „со дипломатски средства“. „Прво, воените акции и насилството мора веднаш да престанат. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ОН ја обвини Белорусија за кршење на човековите права и помагање на руската инвазија

Дипломатите на Обединетите Нации (ОН) ја критикуваа Белорусија за кршење на човековите права и за помошта на Русија во нејзината инвазија на Украина. Тие го обвинија Минск за „широки и систематски“ прекршувања на правата откако спорните претседателски избори во 2020 година му донесоа победа на авторитарниот владетел Александар Лукашенко иако опозицијата тврдеше дека гласањето било наместено. Полициски рации во 12 невладини организации во Белорусија Во дебатата при објавувањето на денешниот... Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Брнабиќ: ЕУ може да смета дека Србија ќе ја брани стабилноста на Балканот

Европската унија може да смета на Србија за одбрана на мирот и стабилноста на Западен Балкан, рече српската премиерка Ана Брнабиќ во Белград на 17-ти март. Брнабиќ оваа порака ја кажа по средбата со австрискиот канцелар Карл Нехамер, додавајќи дека знае оти многумина во ЕУ се загрижени за како што рече, кризата во Украина да не се прелее и на Западен Балкан. „Во разговорот со австрискиот канцелар сакав многу јасно да кажам дека Србија ќе продолжи да ја игра улогата на една од оние земји на Западен Балкан која е столб на стабилноста“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ќе одвои 120 милиони денари за хотелско сместување бегалци од Украина

Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) за организирање и обезбедување хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина, кои како бегалци од војната евентуално би пристигнале во нашата земја. „Овие средства ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности“, се наведува во владиното соопштение по денешната 30-та седница. Колку Македонија е подготвена за примање... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Главната балерина на Бољшој ја напушта Русија поради инвазијата врз Украина

Примабалерината Олга Смирнова од познатиот театар Бољшој во Москва ја напушти Русија и замина за Холандија во знак на протест поради неиспровоцираната офанзива на нејзината земја врз Украина. Холандскиот национален балет во соопштение наведува дека и посакува добредојде на Олга Смирнова . Таа, како што наведува холандскиот балет „неодамна зборуваше против руската инвазија врз Украина, поради што неодржливо е да продолжи да работи во Русија“. Инвазијата врз Украина скапо ја чини и руската култура... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 324 заразени со ковид, пријавени тројца починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 207, а потоа следуваат Битола – 19, Прилеп – 17, Охрид – 13 и Куманово – 11. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии. Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска основните прехранбени продукти без ДДВ

Од денеска стапи во сила мерката за намалување на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за основните прехранбени продукти од пет на нула проценти, која е дел од пакетот мерки што Владата ги донесе со цел зачувување на животниот стандард на граѓаните во услови на криза. Со оваа мерка, лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата, ќе се продаваат без ДДВ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СОНК – Членството е револтирано оти нема напредок за усогласување на платите во образованието

Без резултати се преговорите со Владата за усогласување на платите на вработените во градинките и во образованието со зголемената минимална плата во државава и со колективните договори, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). В сабота ќе заседава Советот на СОНК и ќе бидат донесени заклучоци за идни чекори врз основа на пораките и очекувањата на членството на СОНК, кое е револтирано, рече претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков. Тој денеска на прес-конференција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Се утврдува судбината на цивилите кои се криеле во театарот во Мариупол

Спасувачи ги ослободуваат луѓето кои се заробени во урнатините на театарот во Мариупол, напиша на Твитер украинската комесарка за човекови права Људмила Денисова. Се уште не се знае дали има мртви и повредени под урнатините на театарот кој синоќа беше цел на руски напад. Театарот го користеле како засолниште жени и деца чии куќи се уништени. Претходно украинските власти соопштија дека одреден број на луѓе го преживеале нападот и дека засолништето го издржало бомбардирањето, но од ниту една институција не даваат бројки за евентуални жртви. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Столтенберг: Не можеме да ги земеме мирот и безбедноста здраво за готово

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека „војната на претседателот Путин против Украина го уништи мирот и го шокираше светот“. Тој им оддаде почит на силите на Киев и вети дека ќе продолжи да ги поддржува „да го поддржат правото на самоодбрана содржано во Повелбата на ОН“. Тој ја пофали Германија за нејзината воена и хуманитарна поддршка за Украина, и иако напомена дека „НАТО има одговорност да спречи понатамошна ескалација на оваа војна“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Украински министер – Не сме го испратиле дронот што падна во Загреб

Украинскиот министер за одбрана Олег Резников негира дека неговата земја го лансирала дронот кој падна во Загреб. „Се работи за дрон од советско производство какви што има и нашата војска. Прелета неколку земји-членки на НАТО пред падот во Хрватска. Како е можно НАТО да не го видел и уништел? Значи, можете ли сами да го штитите своето небо“, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников во одговорот до хрватскиот пратеник во Европскиот парламент Тонино Пицула, се наведува во соопштението од канцеларијата на Пицула. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Реизбрани пет обвинители во Обвинителството на Русковска, ВМРО-ДПМНЕ реагира на нивниот реизбор

Реизбрани се пет обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. На денешната седница на Советот за јавни обвинители реизбрани се судиите Марија Ѓорѓиева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа Кузмановска. Тие и досега беа дел од оваа обвинителство, но во февруари им истече мандатот. На денешната седница, републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, истакна дека ќе ги поддржи досегашните обвинители од Обвинителството... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Русија ја отфрли пресудата на Судот на ОН за запирање на инвазијата во Украина

Кремљ ја отфрли пресудата на највисокиот суд на Обединетите нации да го прекине нападот врз Украина, велејќи дека двете страни морале да се согласат да ги прекинат непријателствата за да се спроведе судската одлука. Говорејќи денеска пред новинарите, еден ден откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) со седиште во Хаг ја објави одлуката дека е „длабоко загрижен“ од неиспровоцираната инвазија на Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „не може да ја земе во предвид оваа одлука“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Датум гледа волја вади

Кога ќе стигне сметката за струја, ќе им дадам волја за плаќање, коментираат граѓаните на социјалните мрежи по изјавата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел дека не може да вети датум, туку волја за почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

SlobodnaEvropa.mk 

Агенција на ОН - Војната во Украина ги погодува најранливите во светот

Руската инвазија на Украина ги нарушува синџирите на снабдување со храна и ги зголемува цените до ниво што им се заканува на најранливите луѓе во светот, проценува Агенцијата на на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД). Конференцијата на ОН за трговија и развој во соопштение објавено доцна на 16 март, наведува дека Украина и Русија се глобални играчи на пазарите за земјоделска храна, што претставуваат 53 отсто од глобалната трговија со сончогледово масло и семки и 27 проценти од трговијата со пченицата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мировните преговори продолжуваат, за Украина ќе заседава и Советот за безбедност на ОН

Продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина за воени и политички прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во меѓувреме регионални власти во Украина јавуваат за цивилни жртви при руски бомбардирања во неколку градови. За хуманитарната криза во Украина денеска треба да заседава и Советот за безбедност на ОН.


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Пашинян и Алиев не приедут на «инаугурацию» Путина

Инаугурация Путина: Приглашены все друзья и недруги - Ушаков

Россия предложила проект резолюции о прекращении гонки вооружений в космосе

Мэр Москвы поздравил жителей столицы с Днем флага и герба города

Музыкальные новости

Игорь Худокормов на «Ленте.ру». Обновленная информация

Песков: Изъятие активов России станет «солидным гвоздем» в гроб западной экономики

"Краснодар" уступил "Ахмату" и не смог обогнать "Зенит" в чемпионате России по футболу

Яндекс Путешествия назвали 5 городов России, где бывают белые ночи

Новости России

Пашинян и Алиев не приедут на «инаугурацию» Путина

Мэр Москвы поздравил жителей столицы с Днем флага и герба города

Подмосковье поможет восстановить дома в Советском районе Макеевки

В Подмосковье возбудили дело после угроз школьника убить семью одноклассницы

Экология в России и мире

Необычное в Москве, или как проехать к мощам Матроны Московской?

Работники СЛД «Узловая» филиала «Московский» ООО «ЛокоТех-Сервис» приняли участие региональном этапе «Время молодых. Работники»

Концерт ко Дню Победы проведут в Культурном центре «Интеграция» на Лазо

В подмосковных Мытищах открылся универмаг российских дизайнеров Slava Concept

Спорт в России и мире

Рублёв выиграл турнир в "Мадриде", завоевав 16-й титул в карьере

Свентек выиграла титул WTA в Мадриде

ATP представила новые правила парного тенниса

Свентек переиграла Соболенко и выиграла титул WTA в Мадриде

Moscow.media

Байконур всё. Россия покидает космодром, а у Казахстана появляется новое пастбище для скота.

Главный приоритет на рынке труда: «Грузовичкоф» рассказал об эффективных инструментах кадровой политики

Nubes (НУБЕС) предоставил облако для TravelTech-платформы «Погнали!»

Travel-эксперт Тариел Гажиенко: какую страну выбрать для семейного отпуска











Топ новостей на этот час

Rss.plus






Набор в ХК "Спартак-Спорттех" г.Москва

Экс-председатель совета директоров "Норникеля" Филипьев найден мертвым в Москве

Россия предложила проект резолюции о прекращении гонки вооружений в космосе

Звезда «Кухни» Ольга Кузьмина крестила дочь, которой дала двойное имя