Украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на британскиот државник Винстон Черчил, денеска вети дека „ќе се бори до крај“ во својот виртуелен говор пред пратениците во Велика Британија. „Нема да се откажеме и нема да загубиме“, рече тој, раскажувајќи за секој изминат ден од стартот на руската инвазија и осврнувајќи се на изгубените животи на цивилите, вклучително и украинските деца. „Ќе се бориме до крај, на море, во воздух. Ќе продолжиме да се бориме за нашата земја, без разлика на цената... Читать дальше...
Глобалниот синџир за брза храна Мекдоналдс објави денеска дека привремено ги затвора сите 850 локации во Русија, и им се приклучува на бројните западни бизниси кои ја напуштија Русија по нејзината неиспровоцирана инвазија на соседна Украина. „Конфликтот во Украина и хуманитарната криза во Европа предизвикаа неискажливо страдање на невините луѓе“, рече извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во изјавата до која дојде Радио Слободна Европа. Кемпчински додаде дека корпорацијата со седиште... Читать дальше...
Маскирани и вооружени лица со пиштоли им се заканувале на вработените во скопската експозитура на Уни Банка по што им украле голема сума пари. Од полицијата соопштија дека две од трите лица кои учествувале во оружениот грабеж се приведени. Грабежот се случил денеска на пладне, при што еден од вооружените ограбувачи испукал и куршум при излегувањето од експозитурата кон едно од лицата што ја обезбедувале. Од полицијата соопштуваат дека во грабежот нема повредени. Три македонски банди го држат... Читать дальше...
Моќен удар за војната на рускиот претседател Владимир Путин е американската забрана за увоз на руска нафта, гас и јаглен, рече денеска претседателот Џо Бајден. Тој во своето обраќање изјави дека САД може да го преземе тој чекор, за разлика од земјите членки на ЕУ.
УНЕСКО повика на поголема заштита на културното наследство на Украина за време на неиспровоцираната, брутална инвазија на Русија. „Мораме да го заштитиме културното наследство во Украина, како сведоштво за минатото, но и како катализатор за мир и кохезија за иднината, што меѓународната заедница има должност да го заштити и зачува“, рече Одри Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Од почетокот на руската инвазија минатата недела, УНЕСКО е во постојан контакт со украинските институции за да ја процени... Читать дальше...
САД воведе забрана на увоз на руски енергенси, соопшти пред малку американскиот претседател Џо Бајден во неговото обраќање до нацијата. Забраната вклучува употреба и увоз на руска нафта, природен течен гас и јаглен. Тој изјави дека е свесен оти ЕУ не може да ги следи САД до крај во овој чекор, но американските компании имаат поголемо домашно производство на нафта од сите европски земји заедно. „Ние можеме да го преземеме овој чекор, додека другите земји не можат“, вели Бајден. Тој додаде дека... Читать дальше...
Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, денеска се наоѓа во посета на Молдавија. Таа во Кишињев се договорила со својот молдависки колега, Нику Попеску, да се постават заеднички пунктови на молдависко-романската граница за да се олесни протокот на бегалци кон Романија и кон Бугарија. „Софија може да му помогне на Кишињев, додаде шефицата на бугарската дипломатија. Таа кажа дека тоа се случило во време кога Молдавија има најголема потреба поради товарот на војната во Украина“. ... Читать дальше...
Европската комисија планира да „ги ослободи“ земјите од ЕУ од зависноста од руските енергенси до пред 2030 година. Европската комисија ги претстави главните точки на планот за независност на Европа од руските фосилни горива пред 2030 година – почнувајќи од гасот. Оваа информација е објавена во услови на сериозни тензии откако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја нападне Украина. „Не може да се потпреме на добавувач кој „експлицитно и се заканува“ на Европската унија“, изјави претседателката... Читать дальше...
Американските разузнавачи предупредуваат дека санкциите неуспесите на бојното поле веројатно нема да го поттикнат рускиот претседател Владимир Путин да го промени својот курс во Украина, па дури и може да го поттикнат да ја засили својата офанзива во земјата. Бајден ќе соопшти нови мерки против Русија Директорката на Националното разузнавање на САД, Аврил Хејнс, говорејќи за глобалните безбедносни закани во американскиот Претставнички дом изјави дека растечките трошоците за војната во Украина... Читать дальше...
Владејачката Српска напредна партија (СНС) и официјално го кандидираше актуелниот претседател Александар Вучиќ за уште еден претседателски мандат на изборите што ќе се одржат на 3-ти април годинава. Потписите за кандидатурата во Изборната комисија ги предадоа потпретседателката на СНС Ана Брнабиќ и претседателот на Извршниот одбор на партијата Дарко Глишиќ. „Изборите не се игра, особено во вакви моменти, иднината на Србија се решава на 3-ти април“, рече Брнабиќ и додаде дека поднеле 154.888 потписи. Читать дальше...
Германскиот јавен обвинител почнал систематски да собира докази за можни руски воени злосторства извршени во Украина, јавува германската новинска агенција ДПА. Во нивниот извештај е наведено дека овој потег е поттикнат од информациите на терен за напади врз станбени згради, болници и друга цивилна инфраструктура во Украина, како и од наводната употреба на касетни бомби од страна на руската војска. „Поведена е истражна постапка“, изјави денеска германскиот министер за правда Марко Бушман. Целта... Читать дальше...
„Феминизмот ќе го спаси Казахстан“, „Мислењето на жените е важно“, „Повеќе жени во политиката“ беа дел од слоганите на жените демонстранти кои денеска се собраа во најголемиот град во Казахстан Алмати. На денешниот протестен марш излегоа над илјада активисти кои со одбележување на Меѓународниот ден на жената побараа еднакви права за жените. Жените далеку од позициите каде што се одлучува Активистите побараа владата на централноазиската држава да претстави помодерни родови политики, да ја намали... Читать дальше...
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден ќе објави дополнителни мерки „за да ја повика Русија на одговорност“ за нејзината „неоправдана војна“ со Украина. Детали не соопштија, но неколку медиуми цитираа извори кои велат дека се очекува оти Бајден ќе го забрани увозот на руски енергенси. Украинскиот претседател Володмир Зеленски неколкупати апелираше до Западот да престане да увезува енергенси од Русија, главниот извор на приходи на Москва. Бајден му порача на Путин дека... Читать дальше...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека „силно го поддржува итниот и широк пристап“ до „бустер“ доза од вакцините против ковид-19, за разлика од претходно кога организацијата беше на став дека не се потребни дополнителни дози од вакцините, бидејќи тоа придонесува за нееднаквост до пристапот до вакцините. СЗО соопшти дека нејзината експертска група сепак заклучила дека имунизацијата со одобрени вакцини против ковид-19 обезбедува високо ниво на заштита од сериозни компликации од болеста и смрт... Читать дальше...
Украинскиот конфликт дефинитивно ги затекна инвеститорите на светските берзи, а корелација постои и со нашата берза, изјави денеска Иван Штериев, извршниот директор на Македонска берза АД Скопје. Тргувањето на берзите и глобално и регионално, но и локално оваа година се одвива во доста комплексни и сензитивни околности, со специфично опкружување. Војната удри и врз македонските земјоделци и транспортери „Во регионов падот на нашата берза е некаде минус 5 проценти, во Бугарија, Хрватска, Словенија со минус 6, минус 7, минус 11. Читать дальше...
Украинското разузнавање соопшти дека еден висок руски воен офицер е убиен во борбите во близина на градот Харкив. Станува збор за рускиот генерал-мајор Виталиј Герасимов, кој е вториот главен генерал кој бил убиен во борбите во Украина во последните недели. Според соопштението од Главната управа за разузнавање на Украина, Герасимов кој е началник на Генералштабот и прв заменик командант на 41-та руска комбинирана армија, е убиен, заедно со уште неколку високи офицери. Во соопштението не се дадени детали за тоа кога и како бил убиен. Читать дальше...
Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој што е во затвор, повторно повика на протести против неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина, велејќи дека одговорот на Русите на војната „во голема мера ќе го дефинира местото на Русија во историјата на 21-от век“. Навални, критичарот на Кремљ моментално отслужува 2 и пол години казна-затвор за, како што го нарекуваат неговите поддржувачи и западни правни аналитичари, измислено обвинение за измама. Тој на Твитер напиша дека гневот против... Читать дальше...
Докторот Даниел Кировски од Валандово замина на граничниот премин меѓу Бугарија и Романија за да им пружа медицинска помош на бегалците од војната во Украина, каде ситуацијата ескалира и принудува се поголем број луѓе да ги напуштаат своите домови. Евакуација на Украинци од неколку градови Националната асоцијација на доброволците собрала над 70 лекари, меѓу нив и валандовчанецот, д-р Кировски, кои доброволно и бесплатно ги прегледуваат и им пружаат медицинска помош на бегалците од кризните региони... Читать дальше...
Енергетскиот гигант Шел објави дека ќе ги запре сите купувања на руска нафта и гас и ќе ги затвори другите операции во земјата, придружувајќи им се на десетици други компании во прекинувањето на врските со Москва поради нејзината неиспровоцирана инвазија на Украина. Шел во соопштението објавено на 8 март наведува дека не било во ред што купиле руска сурова нафта минатата недела, потег што беше остро критикуван бидејќи Москва ги засили бомбардирањата и гранатирањето на украинските градови, вклучително и на станбените области. Читать дальше...
Рускиот амбасадор во државава Сергеј Баздникин денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи, потврдија од МНР за МИА. Како што велат од МНР, на амбасадорот Баздникин му била врачена вербална нота, поради објавата на руската Амбасада за евидентирање случаи на русофобија. Руската амбасада деновиве на официјалните профили на социјалните мрежи објави дека обрнувале големо внимание на „невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во светлината на специјалната воена операција во Украина“. Читать дальше...
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 198, а потоа следуваат Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 56 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Читать дальше...
Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот разговарале со кинескиот државен и партиски лидер Си Џинпинг за војната во Украина. Како што јавува германската агенција ДПА, повикувајќи се на државната кинеска телевизија тројцата политичари разговарале денеска преку видеоврска. Шолц и Макрон ги побарале разговори со Си во обид да ги зголемат дипломатските напори за ставање крај на војната. Сепак, Кина стои зад својот „стратегиски партнер“ Русија, како што јасно... Читать дальше...
Маршрутата по која луѓето тргнаа денеска од Суми е една од петте ветени од Русија преку кои би требало да им се овозможи на цивилите да избегаат од борбите. Во меѓувреме останува скептицизмот на Киев предизвикан од сличните ветувања за евакуација кои не беа реализирани.
Причините за несреќата во модуларната болница во Тетово се утврдија пред неколку месеци, но предистрагата се уште трае. Се уште не се знае дали некој кривично ќе одговара за несреќата. Од обвинителството велат дека анализата на доказите е во тек.
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека по добиените агремани и потпишаниот указ од претседателот Стево Пендаровски утврдени се предлози за тројца македонски амбасадори. Од МНР информираат дека предложени се Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор во Организацијата на Обединетите нации. „Со ова, бројот на пополнети места - амбасадори и генерални конзули... Читать дальше...