Германската либерална Слободна демократска партија (ФДП) го одобри коалицискиот договор за формирање нова влада со две партии од левиот центар - СДП и Зелените, така што кандидатот за канцелар Олаф Шолц е поблиску до преземање на функцијата канцелар. Договорот за коалиција беше одобрен од членовите на СДП на партискиот конгрес завчера, а денеска се очекува тоа да го сторат и Зелените пред Бундестагот да гласа за изборот на Шолц в среда. „Ова е коалициски договор за политиката на центарот, кој нема да ја придвижи нашата земја лево... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе отпатува за Индија на разговори на кои се очекува да доминираат продажбата на енергија и оружје. Посетата на средба со премиерот Нарендра Моди ќе биде само негово второ патување надвор од Русија по пандемијата на коронавирус, по јунскиот самит во Женева со американскиот претседател Џо Бајден. Патувањето доаѓа откако Индија го доби напредниот руски ракетен систем за противвоздушна одбрана С-400 во рамките на договор од 5,4 милијарди долари, што потенцијално... Читать дальше...
Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска доаѓа во Македонија на средби со претседателот Стево Пендаровски и други функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје. „За време на посетата, Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и за заедничките приоритети за регионот, наведуваат од Амбасадата на САД во објавата на фејсбук. Читать дальше...
Судот под контрола на воената хунта во Мјанмар денеска ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Ќи на четири години затвор за поттикнување немири и кршење на епидемиолошките мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот. По воениот удар во Мјанмар убиени најмалку 43 деца 76-годишната Аунг Сан Су Чи, која беше уапсена од армијата по државниот удар на 1 февруари, е во домашен притвор. Таа тогаш беше обвинета за корупција, бунт и изборна измама.
Поранешниот американски сенатор и републикански претседателски кандидат Боб Дол почина на 98-годишна возраст, се вели во соопштението на фондацијата на неговата сопруга на 5 декември. „Со тешко срце објавуваме дека сенаторот Роберт Џозеф Дол почина рано утрово во сон. До неговата смрт, на 98-годишна возраст, тој верно им служеше на Соединетите Американски Држави 79 години“, се вели во соопштението на Фондацијата Елизабет Дол на Твитер. Дол беше републикански кандидат на претседателските избори во 1996 година, кои ги загуби од Бил Клинтон. Читать дальше...
Д-р Ентони Фаучи, инфектолог и главен советник на американскиот претседател за пандемијата, изјави дека иако сојот омикрон на коронавирусот брзо се шири низ земјата, првите индикации се дека тој е помалку опасен од видот делта. Тој за Си-Ен-Ен изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на сојот омикрон. Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена. СЗО... Читать дальше...
Облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен. Дневната температура ќе биде од 3 до 14 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 10 степени.