Со колекција фотографии која е еден вид пресек на делата настанати во изминатава декада, во скопската Галерија Рудиќ, од 1 декември се претставува реномираниот фотограф и актуелен претседател на Фото сојузот на Македонија – Кирил Штрков. Ова е негова втора самостојна и прва изложба во земјата.
Преговорите за проширување на владиното мнозинство со Алтернатива ги води премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе се повлече од челната позиција во владата. Тоа ќе биде голем товар за наредниот премиер кој ќе треба да води влада која друг му ја скроил, освен ако Заев се пишмани за оставката, велат за РСЕ политички аналитичари.
Петја била жртва на семејно насислство пред да се разведе од нејзиниот сопруг. Таа е една од многуте во Бугарија, но бројката на жртвите е нејасна. Владата не ги забележува таквите податоци, нагласувајќи го, како што некои велат, нејзиниот неуспех сериозно да го сфати ова прашање. Елица Симеонова
Компанијата Беса Транс организирала туристички аранжмани во периоди кога за тоа немала лиценца, покажуваат понудите на нејзината веб страна. Според податоците од министерството за економија, лиценца за туристичка дејност добила во декември 2020 година, но една од понудите датира од мај 2019-та.
Кај граѓаните постои значаен потенцијал во однос на наклонетоста кон теориите на заговор, покажа теренското истражување кое Институтот за демократија „Социетас цивилис“ го спроведе во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование. На што се должи тоа?