Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Европската унија не може да одлучува за полското судство, бидејќи Полска не ги префрлила тие надлежности на Брисел кога се приклучи во 2004 година. Тој го изјави ова по повод новата казна од еден милион евра дневно од Судот на правдата на ЕУ за властите да не ја суспендираат контроверзната дисциплина на полските судии. „Онаму каде што се договоривме да ги префрлиме надлежностите на ЕУ, ЕУ може да одлучува за нашите прашања. Меѓутоа, во областите каде што не сме делегирале надлежности... Читать дальше...
Во Рим денеска ќе се одржи заеднички состанок на министрите за финансии и здравство на Г-20, ден пред лидерскиот самит на групата 20 индустриски развиени земји. Се очекува на состанокот, САД да побараат од Г-20 подобро да се подготви за следната пандемија преку нов форум за откривање и координација на болести и посебен механизам за финансирање. Дипломатски извори на новинската агенција Ројтерс изјавиле дека другите земји од Г-20 не го прифатиле целосно новиот предложен механизам за финансирање во... Читать дальше...
Светската здравствена организација го претстави новиот план за борба против ковид-19 во најсиромашните земји и побара 23,4 милијарди долари во следните 12 месеци за да го финансира. Партнерството на најголемите светски здравствени агенции (наречено ACT акцелератор) има потреба од 23,4 милијарди долари за да им помогне на најризичните земји да набават и да одвојат средства за борба против ковид-19 од сега до септември 2022 година, се вели во соопштението на СЗО. Организацијата посочува дека оваа сума... Читать дальше...
Фејсбук го смени името на компанијата во Мета, бидејќи се обидува да го прошири својот идентитет надвор од платформата за социјалните медиуми. Основачот и главен извршен директор Марк Закерберг го објави ова вчера за време на годишната конференција за виртуелна и проширена реалност на компанијата. Фејсбук е „иконски бренд за социјални медиуми, но сè повеќе, едноставно не опфаќа сè што правиме“, рече Закерберг. Сведочење: За Фејсбук профитот е пред луѓето Од своето основање во 2004 година како... Читать дальше...
Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Атина, во нејзината последна официјална посета на Грција. Во интервју за грчките медиуми во септември, канцеларката призна дека „најтешкиот момент од нејзиниот мандат бил кога барала толку многу од Грција“. На крајот од 16-те години на функцијата канцеларка, обележани со грчката должничка криза и мигрантската криза, Меркел се врати во Грција на националниот празник, денот кога Грците му кажаа „не“ на нацизмот за време на Втората светска војна. Меркел... Читать дальше...
Група од 18 земји изразија „длабока загриженост“ поради, како што е наведено, „интензивното вознемирување на независните новинари и медиуми“ од страна на руската влада. Соопштението, објавено на 28 октомври под името Коалиција за слобода на медиумите, го потпишаа Соединетите Американски Држави, Британија, Северна Македонија, Украина, Австралија, Канада, Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција, Исланд, Латвија, Литванија, Холандија, Нов Зеланд, Словачка и Словенија. Во соопштението се вели дека... Читать дальше...
Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Преку денот ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде од 12 до 19 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 17 степени.