Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика и останатите членови на македонскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија „да ја следат постапката“ на професорот Ванчо Ѓорѓиев, кој денеска поднесе оставка од Комисијата. „Ако е вистина тоа дека некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија на сметка на тоа да опстане политички, јас сум шокиран и веднаш повикувам... Читать дальше...
Не се усвоени никакви решенија и препораки на 15-та редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Состанокот се одржуваше вчера и денеска преку онлајн врска. Членовите на Комисијата од македонската страна за МИА брифираат дека не биле усвоени решенија и препораки поради „исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање на минатото“. Мешовитата македонско-бугарска... Читать дальше...
Во изминатото деноноќие се регистрирани 411 нови случаи на коронавирус, а 4 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Според Регистарот на починати од ковид пријавени се уште 3 починати лица во период од 31 август до 16 октомври, се вели во соопштението. Направени се 3.209 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 198, Куманово 40, Штип 19, Велес 18, Кавадарци 16, Прилеп 15... Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани во државата Регистрирани сe 271 оздравен пациент. Читать дальше...
Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу денеска соопшти дека две официјални службени лица од руската Канцеларија за врски на Косово се прогласени за непожелни (нон грата), поради наводни активности кои ја нарушиле „националната безбедност и уставниот поредок на Косово“. „Министерството за надворешни работи денеска донесе одлука со која овие двe руски официјални службени лица ги прогласи за непожелни личности и истовремено ги информираше институциите за спроведување на законите и надлежните органи за нивно спроведување“... Читать дальше...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека на 23 октомври во Белград ќе се сретне со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, а во наредните недели и со бошњачкиот лидер Бакир Изетбеговиќ. На прашањето за можните санкции на САД против ентитетот Република Српска, тој рече дека секогаш бил против тоа. „Никој не решил никаков проблем со санкциите, што се покажува низ историјата. Особено ги презирам оние во Белград, Бања Лука и Сараево кои мислат дека проблемот се решава со санкции. Читать дальше...
Русија забележа уште еден дневен рекорд на инфекции со ковид-19 и смртни случаи додека властите се подготвуваат повторно да ги воведат ограничувањата. Владиниот кризен центар објави 37.141 нови случаи на ковид-19 и 1.064 луѓе кои починале во изминатите 24 часа, што е втор последователен дневен рекорд на случаи и четврти ден по ред со рекордни смртни случаи. Претседателот Владимир Путин нареди национална недела на „неработење“ која започнува на 30 октомври во обид да се запре порастот на инфекциите. Читать дальше...
Македонскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија објави реакција во врска со денешната оставка на членот на Комисијата – професорот Ванчо Ѓорѓиев, во која се наведува дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се и ќе останат непроменети. „Не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии“, се вели во реакцијата. Професор... Читать дальше...
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи денеска изјави дека одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не зависи од нив, туку тоа e одлука на ЕУ. Тој порача дека никогаш не бил поборник на одвојувањето. „Се сеќавате 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Северна Македонија треба да ги продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви коишто лобираа Северна Македонија да се одвои. Отсекогаш сум предвидел дека овие... Читать дальше...
Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 октомври, според соопштението, вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. ... Читать дальше...
Северна Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со овогодишниот претседавач Шведска и претседавачот во 2022 година Полска, додека веќе во 2021 година земјата ќе претседава со медитеранските партнери за соработка на ОБСЕ како генерална проба за обврските како претседавач со организацијата во 2023 година. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочи дека денешната работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, била искористена генерално за... Читать дальше...
Руската опозициска политичарка Љубов Собол изјави дека не се чувствува „целосно безбедно“ откако неодамна побегна од Русија, но инсистира дека ќе продолжи да се бори против „криминалниот режим“ на претседателот Владимир Путин и широко распространетата корупција во нејзината земја. Зборувајќи во интервју за РСЕ преку видео врска од непозната локација, Собол одби да открие каде се наоѓа. Собол, близок соработник на Алексеј Навални, побегна од Русија во август, откако и беше изречена казна слична на условна слобода. Читать дальше...
Професорот Ванчо Ѓорѓиев денеска поднесе оставка од заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија раководејќи се, како што наведе, од професионалниот интегритет и личните принципи. Според него, во последно време имало отворени обиди за политичко влијание врз работата на комисијата што кулминирало на вчерашната редовна средба преку, како што посочува, директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР. „При такви околности... Читать дальше...
Група македонски интелектуалци денеска во обраќање до јавноста реагираа дека во изминатиов период земјата е соочена со постојаното ангажирано негирање на македонските идентитетски обележја- народот, нацијата, јазикот, културата, од страна на владините и на државните институции на Бугарија со цел, како што се наведува, да се прикаже дека македонската нација е вештачка креација на Коминитерната и на Јосип Броз Тито, која како таква постои од 1945 година, и дека преку присилна пропаганда од тогашните... Читать дальше...
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска заедно со Михаела Матуела од Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и проширување, надлежна за Северна Македонија и Албанија, копретседаваше со годишниот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет, како највисоко тело во рамки на користењето на ИПА фондовите. Како што соопшти СЕП, со цел да се направи преглед на спроведувањето на средствата алоцирани преку ИПА, вицепремиерот Димитров нагласи дека наодите од Извештајот... Читать дальше...
Нашата обврска да не се мешаме во внатрешните работи на Бугарија постои, но постои и обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи, вели вицепремиерот Никола Димитров. Во контекст на малцинските прашања тој се повикува на Европската конвенција за човекови права.
Министерството за здравство соопшти денеска дека во период од 06 август заклучно со 21 октомври на територија на државата 42.945 граѓанин биле позитивни на Ковид- 19, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Според соопштението, голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19. Според статистика за изминатиов период 31.692 граѓани, односно 74 отсто од позитивните на Ковид -19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти... Читать дальше...
Графити - на латиница и кирилица - се појавија деновиве во Сараево: „Јас сум за мир“ и „Мир, мир, мир“. Ова доаѓа во време на сецесионистички барања и шестмесечен ултиматум од босанските Срби за разделување на воените и други овластувања што во моментов ги има заедничката федерална држава.
Најмалку 16 лица загинаа во пожар предизвикан од експлозија во погон за барут во руската област Ријазан. Според извештаите на локалните медиуми, експлозијата во работилницата за барут во фабриката за синтетички влакна Еластик се случила рано утрината. Локалните власти соопштија дека вкупно 17 лица имало во работилницата кога се случила експлозијата. На местото на настанот пристигнале и заменик-гувернерот на регионот Ријазан, Дмитриј Филипов, и вршителот на должноста министер за вонредни состојби, Александар Чупријан. Читать дальше...
Вкрстувањето на податоците за начинот на кој биле идентификувани гласачите „ги заглави“ проверките на гласовите и податоците кои ДИК побавно од партиите ги објавуваше, велат луѓето од терен за РСЕ. Првиот човек на ДИК, Даштевски пак, вината ја посочи во „дремката“ на општинските изборни комисии.
Државниот завод за ревизија соопшти денеска дека согласно законот донел Одлука за запирање на исплатата на средствата кои се исплаќаат од Буџетот за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за учесниците во изборната кампања за локалните избори. Предлогот, според соопштението, се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија го немаат доставено во законски пропишаниот рок или не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации. Читать дальше...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека е убеден оти сите земји од регионот ќе станат дел од иницијативата „Отворен Балкан“. Според него, не постои друг начин освен иницијативата. „Отворениот Балкан е вистинската идеја во вистинско време, и без сомнение секој ќе ја прифати идејата чекор по чекор. Немаме време за губење. Треба да бидеме целосно отворени еден со друг за да создадеме слика за тоа што сакаме да бидеме. Така добиваме време од иднината. Тоа е иднината, нема друга опција освен да се отвориме еден кон друг“... Читать дальше...
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ги усвоија целите на способности за Северна Македонија, за прв пат по членството на нашата земја во Алијансата. Министерството за одбрана соопшти дека целите на способности кои биле усвоени на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите на НАТО-армиите. „Овој процес овозможува земјите – членки меѓусебно да се поддржуваат и помагаат во справувањето со идните предизвици, особено... Читать дальше...
Специјалниот пратеник на САД за Иран Роб Мали денеска во Париз ќе се сретне со британски, француски и германски дипломати на разговори за застојот во напорите Иран да ја продолжи усогласеноста со иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, изјавија три дипломатски извори. Иако со недели велеше дека ќе се врати на преговори „наскоро“, Иран допрва треба да објави датум за продолжување на дискусиите во Виена за заживување на пактот според кој ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за ослободување од економските санкции на САД, ЕУ и ОН. Читать дальше...
САД ќе застанат во одбрана на Тајван и имаат обврска да го бранат островот што Кина го смета за своја територија, изјави американскиот претседател Џо Бајден на прашањето дали САД ќе го бранат Тајван, кој се жали на зголемениот воен и политички притисок од Пекинг да го прифати кинескиот суверенитет. Бајден рече дека луѓето не треба да се грижат за воената сила на Вашингтон, бидејќи Кина, Русија и остатокот од светот знаат дека САД ја имаат најмоќната армија во историјата на светот. САД се загрижени... Читать дальше...
Светската здравствена организација објави дека меѓу 80.000 и 180.000 здравствени работници починале од коронавирус помеѓу јануари 2020 и мај 2021 година. „Од 135 милиони здравствени работници ширум светот, меѓу 80.000 и 180.000 починале од коронавирус од почетокот на пандемијата до мај 2021 година“, се вели во соопштението на СЗО, во кое се додава дека бројот на загинати е веројатно многу поголем. СЗО со список од 25 експерти кои ќе го истражуваат потеклото на коронавирусот Генералниот директор на СЗО... Читать дальше...