Претседателот Стево Пендаровски кој престојува во работна посета на Турција денеска во Анталија ќе учествува Самитот на претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа кој се одржува првпат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. Тој ќе говори на претседателската панел-дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“. Претседателот Пендаровски вчера имаше билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Читать дальше...
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде од 23 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 32 степена.