Двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска излегоа со реакции откако претседателот на САД Џо Бајден го прошири опсегот на санкции за поединци и организации од земјите на Западен Балкан што ги загрозуваат мирот и стабилноста на регионот и не почитуваат спогодби како што е Договорот од Преспа.
Власта вели дека економијата е стабилна и ќе расте, а дека ребалансот е скроен за справување со последиците од пандемијата. ВМРО-ДПМНЕ гледа поинаку, па велат дека целта на ребалансот е предизборен поткуп.
Американскиот претседател Џо Бајден го прошири опсегот на санкции за поединци и организации од земјите на Западен Балкан, што ги загрозуваат мирот и стабилноста на регионот. Во декретот е додаден и Договорот од Преспа.
Депонијата со хром во Јегуновце може да се исчисти за помалку од четири години, тврдат научници од земјава. Тие велат дека за тоа имаат план и техологија, но дека чистењето не може да почне бидејќи чекаат државата да го смени Законот за животна средина. Од надлежното министерство велат дека во тек е постапката за усвојување на измените.
МЖ Транспорт набави возило вредно 30.500 евра, иако фирмата е прва на листата на државни должници. Возниот парк не е подновен од 2010 година, но ниту еден автомобил не е луксузен како новиот. Уште две фирми загубари од листата на 10 најголеми должници во изминатите години набавиле возила.
Со цел да го пронајдат заедно совршениот простор за изложување, во Куќата на Европската унија во Струмица, во организација на Здружението за култура Транзен, на 15 јуни ќе биде отворена изложбата „Несовршен простор 4“. Добитник на наградата „Владимир Георгиевски“ е скулпторот Андреј Митевски.
Високи претставници на Европската унија оценија дека судскиот процес против поранешниот командант на армијата на Република Српска Ратко Младиќ, што заврши вчера е клучен процес во поновата историја на Европа за воени злосторства, вклучително и геноцид. Во заедничката изјава за конечната пресуда на Меѓународниот суд во Хаг против Младиќ, европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, наведуваат дека „негирањето на геноцидот, ревизионизмот и... Читать дальше...
Соединетите држави ја „модернизираат“ својата политика за санкции за Западен Балкан со натамошно насочување кон корупцијата, кршењето на човековите права и актите што ја загрозуваат демократијата во регионот, соопшти Стејт Департментот. „Соединетите држави препознаваат дека корупцијата ја загрозува економската рамноправност, глобалните напори против сиромаштијата и развојот и самата демократија“, рече државниот секретар Ентони Блинкен. Ажурираната политика дојде во форма на извршна наредба од претседателот Џо Бајден... Читать дальше...
Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде од 20 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 30 степени.