Светските бродски компании се тресеа кога сообраќајот на Суецкиот каналот беше запрен од заглавен брод. Русија пак во тоа виде можност за маркетинг. Дали патот за испорака преку рускиот Арктик - е одржлива алтернатива на Суецкиот канал? Текст на Мајк Екел.
Германија до синоќа цели две децении немаше пораз во квалификации за Светско првенство, но Македонија никогаш во историјата не изгубила фудбалски натпревар од четирикратниот светски шампион. Социјалните мрежи зовреа по македонската победа.
Инвестициски бум, рестарт на економијата заразена со ковид- 19 и капитални инвестиции за економски раст беа само дел од ветувањата за годинава. Но, фискалните бројачи покажуваат ниска реализација на капиталните инвестиции. Дури 40 институции не потрошиле ни денар од почетокот на годинава до сега.
Министерката за надворешни работи на Косово Доника Гервала го отфрли притисокот од Турција во врска со неодамнешното отворање амбасада на Приштина во западниот дел на Ерусалим нарекувајќи го овој потег „завршена работа“. Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година, воспостави дипломатски врски со Израел на виртуелна церемонија на 1 февруари пред да ја отвори амбасадата во Ерусалим во март. Соединетите држави и Гватемала се единствените држави со амбасади во Ерусалим. „Верувам дека прашањето... Читать дальше...
Лидерот на италијанската Лига, Матео Салвини најави дека денеска во Будимпешта ќе се состане со лидерите на Унгарија и Полска за да се обиде да ги зајакне врските меѓу екстремно десните партии во Европа. Кабинетот на Салвини прецизира дека лидерот на Лигата ќе се состане со премиерите на Унгарија и Полска, Виктор Орбан и Матеуш Моравиецки, за да создаде „заедничка повелба за вредностите, слободата, правата, принципите и идните цели“. Орбан сака да формира нова политичка група во ЕУ Тие се очекува... Читать дальше...
Фудбалската репрезентација на Северна Македонија го зашемети домаќинот Германија со 2-1 во квалификациите за Светското првенство. До ова дојде, како што пишува новинската агенција Ројтерс, и покрај тоа што светскиот шампион ја контролираше играта, но не ги искористи шансите против дисциплинираните македонци, рангирани на 65. место во светот. Тоа беше прв пораз на Германија во квалификациите за Светското првенство во изминативе 20 години и во последниот квалификациски натпревар на тренерот Јоаким... Читать дальше...
Денеска би можело да се одржи седница на Собранието на чиј дневен ред ќе се најдат измените на Законот за попис, со кој тој треба да се одложи за септември, како што претходно се договорија лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. „Сите претставници на пратеничките групи и претставниците на партиите застапени во Собранието биле подготвени да се одржи седница на која ќе се најдат измените на Законот за попис, освен Алијансата за Албанците и Алтернатива, се наведува во соопштението... Читать дальше...
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од 12 до 23 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 20 степени.