Се откажуваме зашто со сумата покажуваат непочит, го исмејуваат нашиот труд и заложби да создадеме сериозно културно брендирање, вели Софија Семенпеева Трајановска по информацијата дека Фестивалот ЛИТЕРА за годинешното трето издание од Град Скопје како поддршка добил сума од 40.000 денари.
Грчкиот парламент синоќа го усвои Предлог законот со кој се формира специјална полиција на универзитетите, и покрај бројните студентски демонстрации кои се спротивставуваат на тоа веќе еден месец. За време на дебатата, околу илјада луѓе, според полицијата, протестираа пред зградата на парламентот против тој закон, кога го нарекоа „антидемократски“. „Полицијата не влегува во универзитетите, туку демократијата“, рече премиерот Кирјакос Мицотакис во обраќањето пред парламентот, додавајќи дека тоа е... Читать дальше...
Претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио Јоширо Мори денеска на состанокот на организаторите на Олимпијадата да ја соопшти дека поднесува оставка по сексистичките испади во минатата недела. „Поднесувам оставка од позицијата претседател“, рече тој на почетокот на состанокот на Извршниот одбор за организирање на Олимпијадата. Одборот се очекува да го избере наследникот на Мори во текот на денов. Организаторите на Олимпијадата тврдат дека игрите ќе се одржат 83 годишниот Мори... Читать дальше...
Во Белград денеска, како што е најавено, треба да почнат разговори меѓу експерти на Србија и на Русија за производство на руската вакцина против коронавирусот во Србија. Експертите од Русија вчера пристигнаа во Белград и за време на дводневната посета ќе утврдат дали Србија има капацитет да започне со производство и дистрибуција на руската вакцина „Спутник V“. Ненад Поповиќ, министерот без ресор во Владата на Србија задолжен за иновации и технолошки развој. На прес конференција со претставниците... Читать дальше...
Демократите во Претставничкиот дом го завршија случајот против поранешниот претседател Доналд Трамп, повикувајќи ги сенаторите да го осудат за поттикнување напад на толпа врз Капитол. Конгресмените, кои се појавуваат како обвинители според правилата за импичмент на Уставот изјавија дека Трамп ги поттикнал приврзаниците да ја нападнат зградата на Капитол, повикувајќи се на твитовите на Трамп, како и видео снимките и судските документи против обвинетите за нападот. „Тие навистина веруваа дека целиот упад е по наредба на претседателот“... Читать дальше...
Ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, студено и ветровито. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде од минус 2 до минус 1 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 3 степени.