Најмалку седум бебиња починаа од студеното време бидејќи немале засолниште во Газа, соопшти Агенцијата за помош на палестинските бегалци при ОН (УНРВА).
Според објавата на УНРВА на платформата Икс, до 7.700 новороденчиња во конфликтната зона живеат во несоодветни услови, резултат на судирите меѓу Израел и милитантната група Хамас, пренесува денеска ДПА.
Палестинската новинска агенција ВАФА во декември објави дека четири бебиња починале од хипотермија.
Повеќе од 15 месеци борби оставија стотици илјади Палестинци без домови. Читать дальше...