Зголемен бројот на жртви во нападот во Кабул
Во самоубиствениот напад пред шиитската џамија во Кабул денеска загинаа најмалку 29 лица, а повредени се повеќе од 50 лица, соопшти Министерството за здравство на Авганистан. "За жал, 29 авганистански граѓани ги загубија своите животи, а 52 други беа повредени во овој инцидент", рече за РСЕ портпаролот на министерството. Нусрат Рахими, заменик-портпарол на Министерството за внатрешни работи, изјави дека повеќето жртви во нападот биле цивили. Нападот, за кој одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава... Читать дальше...